Линкови за пристапност

За Белата куќа во разговорите има „напредок“ за долгот; за републиканците остануваат „значителни празнини“


епубликанците во Претставничкиот дом бараат од администрацијата на Бајден да се согласи да ги намали федералните трошоци на нивоата од 2022 година.
епубликанците во Претставничкиот дом бараат од администрацијата на Бајден да се согласи да ги намали федералните трошоци на нивоата од 2022 година.

Преговорите меѓу администрацијата на демократскиот американски претседател Џо Бајден и законодавците во Претставничкиот дом под контрола на републиканците за ограничувањето на владиниот долг ќе продолжат во среда.

Разговорите меѓу двете страни прекинаа во вторникот без очигледен напредок кон договорот што ќе му овозможи на американскиот Одделот за финансии да го надмине сегашниот плафон од 31 трилиони долари и да продолжи да позајмува пари за да го плати заостанатиот долг на владата.

Секретарката за финансии Џенет Јелен предупреди дека Одделот ќе остане без пари до четврток, 1 јуни, што би можело да ја принуди владата да не ги плати долговите, втурнувајќи ги САД во катастрофална рецесија и создавајќи превирања на глобалните пазари.

Републиканците во Претставничкиот дом бараат од администрацијата на Бајден да се согласи да ги намали федералните трошоци на нивоата од 2022 година.

Републиканците, исто така, сакаат да наметнат строги услови за работа за Американците запишани во програми за помош со ниски приходи, како што се храна и парична помош и програмата за здравствено осигурување Медикејд.

Белата куќа предложи замрзнување на федералните трошоци на сегашните нивоа оваа година и сака да стави крај на даночните олеснувања за побогатите Американци и некои корпорации.

Администрацијата, исто така, предложи трошоците за одбрана да бидат вклучени во какви било потенцијални намалувања на трошоците.

XS
SM
MD
LG