За петте закони со европско знаме пратениците сеуште дебатираат на пленарна седница. Засега не е закажно кога ќе се гласа за нив бидејќи треба да се исцрпи расправата за сите пет закони во пакет
СКОПЈЕ – Петте закони поврзани со реализацијата на проектот за изградба на Коридорите 8 и 10 д кои Владат ги испрати во Собранието со европско знаме го минаа првиот филтер – Комисијата за европски прашња. На денешната седница на Комисијата зелено светло доби и последниот од сетот пет закони – Законот за утврдување на јавен интерес и стратешки партнер.
На денешната расправа опозицијата имаше забелешки околу ослободувањето на приватна компанија од царина, акцизи и ДДВ при увозот на возила и енергенси што се предвидува во зкаонските измени и можноста од злоупотреби. .
„Ослободувањето од увозни давачки е стриктно регулирано со членовите 193 до 198 од царинскиот Закон, а таму не се предвидени вакви одредби како што предвидува овој предлог-закон посебно затоа што овде се предвидува ослободување од увозно давачки и акциза при увоз на приватна компанија, нешто што досега не постоело во ниту еден друг закон“, рече Лидија Петкоска, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ.
Според првиот човек на финансии, ова е пракса која веќе е воспоставена, во овој случај ќе ги налаи трошоците на државното Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП) а измените не предвидуваат ослободување на компаниите од данок на личен доход и данок на добивка.
„Никој не се ослободува од данок. Данок на добивка – што се заработува тука , ќе платат како и секоја фирма. Сите ќе платат данок на личен доход и придонеси. И операторите што се во овој процес и тие што ќе бидат суб-контрактори. Тоа што е предмет на ослободување се т.н. индиректни давачки, тие што всушност се трошок за инвеститорот, а во конкретниот случај инвеститор е ЈП за државни патишта и се финансира преку буџетски средства, односно преку заеми. Всушност се намалува трошокот кој со други зборови ќе значи доколу во просек ако 20 проценти се давачките по основ на ДДВ, царина и други давачки што, тоа ќе значи дека целиот трошок е некаде 20 отсто плус“, изјави министерот Фатмир Бесими.
Во Собранието пак тече и пленарната седница на која пратениците дискутираат за четвртиот закон од сетот закони со европско знаме – Законот за експропријација. За опозицијата е спорно што според нив измените предвидуваат тој да важи и за легалните и за нелегалните објекти кои се наоѓаат на трасата на двата Коридори а чиј број ниту приближно не е утврден.
Расправата по пакетот закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10 д на собраниската пленарна седница се очекува да заврши до крајот на неделава и потоа спикерот Талат Џафери треба да закаже седница на која ќе се гласа сетот закони.