Линкови за пристапност

Бесими: Покачени плати за јавен сектор е прифатливо барање на синдикатот


Министерството за финансии пресметува дали во Буџетот има доволно средства да се излезе во пресрет на барањето на Синдикатот просечната плата да биде основица за пресметка наличните доходи. Кога и колку ќе се зголемат платите Бесими нема одговор но уверува дека замрзнување на платите нема да има. Одлуката да им ја зголеми платата само на дел од вработените во финансии за 30 отсто ја правда со одлива на стручен кадар


СКОПЈЕ – Барањето на Синдикатите за повисоки плати во јавниот сектор и основица за пресметка да се прсечната плата во државата за министерот за финансии фатми Бесими е прифатливо решение но дали има пари во Буџетот за да се излезе во пресрет на барањата нема одговор. За Бесими е клучно да се најде една методологија која ќе ги замени сегашните парцијални решенија за пресемтка и исплата на плати на вработените во јавниот сектор. Одлуката да им ја зголеми платата само на дел од вработените во финансии за 30 отсто ја правда со одлива на стручен кадар.

„ Во синдикатите гледаме партнер да ги решиме овие работи. Треба да има едно системско, одржливо решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор и со кое ќе нема потреба секои шест месеци да се преговара со синдикатите. Напротив, да имаме решение кое секоја година ќе важи и тоа во рамки на законот и Општиот колективен договор “, рече Бесими.

Додека во економско социјалниот совет се преговара за нов општ колективен договор и за новата методологија за плати во јавниот сектор, вработените во неговото министерство добија за 30 отсто повисоки примања сметано од први јанаури годинава. Но, со ова не беа опфатени УЈП, Царина и други институции кои се во составот на финансии.

„Во финансии за жал,во последните четири години 20 проценти над 160 вработени го напуштиле министертвото и тоа е сериозна бројка за жал најкавлитетните си одат, затоа што платите во приватниот сектор, во делот финансии се со позначителна разлика“, појасни Бесими.

Платите во јавниот сектор нема да се замрзнат а покачувањето ќе биде оваа година најави министерот.

Во меѓвреме повисоките фунцкионерски плати за 78 отсто веќе се исплаќаат. Според пресметките на финансии за зголемените примања на 1.060 фунцкионери, годишно ќе бидат потребни над 15 милиони евра.

XS
SM
MD
LG