Линкови за пристапност

Индија ја засили безбедноста во Кашмир во пресрет на средбите на Г-20


Градот Сринагар, треба да биде домаќин на состанок на работната група за туризам на членовите на Г20 на 22-24 мај, дел од серијата состаноци пред самитот на Г-20 во Њу Делхи во септември.
Градот Сринагар, треба да биде домаќин на состанок на работната група за туризам на членовите на Г20 на 22-24 мај, дел од серијата состаноци пред самитот на Г-20 во Њу Делхи во септември.

Индија ја засили безбедноста во регионот Џаму и Кашмир поради зголемените напади на милитантите во пресрет на состанокот на Г-20 за туризмот на територијата на Хималаите, соопштија властите во средата.

Градот Сринагар, треба да биде домаќин на состанок на работната група за туризам на членовите на Г20 на 22-24 мај, дел од серијата состаноци пред самитот на Г-20 во Њу Делхи во септември.

Исламистичките милитанти ги засилија нападите оваа година во регионот Џаму, преку планините од долината Кашмир каде што се наоѓа Сринагар. Десет војници и седум цивили се убиени во четири напади во Џаму оваа година.

Безбедносните претставници рекоа дека стравуваат дека сепаратистичките милитанти би можеле да се обидат да ја промовираат својата кауза со напад пред или за време на состанокот на Г-20. „Тајмингот на овие напади е загрижувачки бидејќи се планирани непосредно пред состанокот на Г-20“, рече висок офицер на индиската армија во регионот.

Воените и полициските службеници рекоа дека имаат разузнавачки информации дека милитантите би можеле да таргетираат воено училиште во Џаму и да земат ученици како заложници.

Како одговор, таквите училишта беа затворени, а наставата беше преместена на Интернет, до по средбите на Г20.

XS
SM
MD
LG