Линкови за пристапност

Собрани 13.500 парчиња нерегистрирано оружје во Србија


БЕЛГРАД, Србија (АП) - Српските власти во неделата собраа околу 13.500 парчиња нерегистрирано оружје по масовните престрелки овој месец, вклучувајќи рачни гранати, автоматско оружје и противтенковски ракетни фрлачи.

Властите прогласија период за амнестија од еден месец за граѓаните да го предадат нерегистрираното оружје или да се соочат со затворски казни како дел од сузбивањето на оружјето по двете масовни престрелки во кои загинаа 17 лица, од кои поголемиот дел беа деца.

Популистичкиот претседател Александар Вучиќ ги придружуваше највисоките полициски функционери во неделата на изложбата на оружје во близина на градот Смедерево, на околу 50 километри јужно од главниот град Белград.

Вучиќ рече дека приближно половина од собраното оружје е нелегално, додека другата половина е регистрирано оружје што граѓаните сепак го предале. Тој додаде дека оружјето ќе оди во српските фабрики за оружје и муниција за потенцијална употреба од страна на вооружените сили.

„По 8 јуни државата ќе одговори со репресивни мерки а казните ќе бидат многу строги“, рече тој за периодот по амнестија. „Зошто некому му треба автоматско оружје? Или сите овие пушки?

Вучиќ во неделата ги отфрли повиците на опозицијата за оставка на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Немаме намера да го замениме министерот за внатрешни работи Гашиќ, кој одлично си ја врши работата“, рече Вучиќ. „Што згрешила полицијата?“, праша Вучиќ.

Опозициските политичари ги обвинија популистичките власти на Вучиќ дека поттикнуваат насилство и говор на омраза против критичарите, шират пропаганда на главните медиуми и наметнуваат автократско владеење во сите институции, што според нив предизвикува поделби во општеството.

Се проценува дека Србија е меѓу првите земји во Европа по оружје по глава на жител.

XS
SM
MD
LG