Линкови за пристапност

Администрацијата на Бајден објави нови прописи за ограничувања на мигрантите да преминат во САД


Ова е дел од планот на владата по истекувањето на Актот 42.
Ова е дел од планот на владата по истекувањето на Актот 42.

Администрацијата на Бајден во средата објави нови прописи со кое ќе се воведат ограничувања кои директно ги засегаат мигрантите кои се обидуваат да преминат во САД без овластување.

Ова е дел од планот на владата по истекувањето на Актот 42, наредба за итни случаи воведена во 2020 година во услови на пандемијата Ковид-19, која им овозможи на американските гранични власти брзо да ги протераат мигрантите без да им дадат шанса да бараат азил од САД.

Актот 42 истекува в четврток.

Исто како кога тогашниот претседател Доналд Трамп се повика на мерката за јавно здравје, застапниците за имиграција рекоа дека ќе тужат.

Меѓународниот проект за помош на бегалците, или ИРАП, издаде изјава во која силно се спротивставува на сите политики насочени кон ограничување на можноста на луѓето да пристапат до нивното законско право да бараат безбедност во САД.

XS
SM
MD
LG