Линкови за пристапност

Шаќири: Мислењата се поделени, мора да има соодветен начин на ограничување и употреба на ТикТок или забрана.


Министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Глас на Америка вели дека министерот за информатичко општество и Агенцијата за електорнски комуникации ќе треба да дадат насоки како ќе се постапи и дали ќе има ограничување или одлука за забрана за Тик-Ток.

Глас на Америка: Какви се ставовите, до што сте поблиску до забрана или ограничување на Тик- Ток?

Јетон Шаќири: Откако во петокот почна оваа постапка и добиваме различни материјали и наоди, од професори по информатика, педагози, психолози, родители... има различни мислења. Министерот за информатичко општество заедно со Агенцијата за електронски комуникации, во наредниот период ќе треба да дадат насоки кои се законските основи, како може да се постапи и за ограничување и ако има одлука за забрана за Тик-Ток. Но, важно е во овој момент пораките кои можеме да ги испратиме е родителите внимателно да постапуваат кон апликациите кои децата ги употребуваат. Има и граѓани кои ги употребуваат овие апликации, но исто така има и граѓани кои им ги дават на децата, кои не се во образовниот процес и се помали. Затоа ова го гледаме со внимание. И, затоа после добиените анализи од сите институции од каде побарав да се разгледа ова, колку профили се отворени, мислам дека ќе имаме конечен став. Во овој момент и едното и другото е во дискусија. Или ќе има упатство за начинот за користење или ќе има насоки до другите институции, за ограничување на материјалите кои се поставуваат или пак да има категоризација на материјалите, на пример кои материјали може да се сметаат како ризични за одредена група на деца. Или ќе се бара одговорност на тие што постираат. Ќе се видат сите основи на тие дискусии.

Ќе има ли забрана или ограничување за ТикТок?
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:46 0:00

Глас на Америка: Кога очекувате да има одлука?

Јетон Шаќири: Се уште не се собрани податоците. Мислам дека во наредниот период ќе има одлука. Ние сме на крајот на учебната година и мислам дека за оваа одлука не може да одлучуваме најбрзо. Затоа една од препораките кои ќе ги доставиме до петок ќе се однесуваат на препораки, каде можеме најитно да реагираме во образовниот процес и во системите, а за другото ќе треба да се анализираат многу други податоци, освен анализата на податоци како треба да се постапи. До петок ќе имаме конкретни препораки за образовниот процес, не за Тик-Ток. За стручните соработници, за социјалните центри.

Глас на Америка: Лично вие за што сте за забрана или за ограничување на Тик-Ток?

Јетон Шаќири: Ако може да се воведе ограничување и да има само добар и здрав начин за користење на апликацијата, материјалот да биде проверен како што треба и да биде проверен начинот на креирање на лозинки, на креирање на корисничко име, да биде потврден како што треба, немам ништо против тоа. Но ако немаме добар начин на ограничување и употреба тогаш ќе треба да има забрана.

Глас на Америка: Во однос на безбедноста во училиштата дали ќе има дополнително ангажирани полицајци?

Јетон Шаќири: Со новите протоколи во градот Скопје и во сите општини имаме секојдневна комуникација со Министерството за внатрешни работи, а во претходниот период се преземени неколку мерки во основните и средните училишта во градот Скопје и во другите градови. Секогаш имавме контрола на полицајци, на почетокот на првата и втората смена, контрола каде го разгледуваат теренот каде има ученици. Другите препораки ќе ги разгледаме. Од безбедносен аспект од кај нас се преземени неколку мерки и полицијата реагира при секоја пријавена ситуација.

Глас на Америка: Што мислите за предлогот на експертите, учениците да се тестираат за наркотици повремено?

Јетон Шаќири: Ќе треба да се разгледа и тој предлог. Треба да му се посветиме и на менталното здравје. Очекувам и со министерството за здравство соработка во овој домен, освен учениците, овде влегува и наставниот кадар и други кои се во образовниот процес. Но ништо не е лошо и тоа за образовниот процес. Знаеме дека за запишување на дете во прво одделение има одредени документи, кои кажуваат за здравствената состојба, но може во одредени процеси да се бараат дополнително документи, кои покажуваат каква здравствена состојба имаат учениците, дали во средно или основно образование. И, тоа како можност се разгледува. Немам ништо против тоа, но треба да се разгледаат капацитетите и начинот на реализација на тоа.

Глас на Америка: Имате ли информација која ја потврди и МВР, дека во основно училиште во општина Центар, ученичка во училиштето направила список со закани за соученици?

Јетон Шаќири: За поздравување е реакцијата на МВР, за поздравување е начинот на пријавување на учениците, на училиштето за овој случај и така треба да се постапува. И центрите за социјални работи имаат влезено во овој процес, и сите комуницираат за да видат која е причината за да се реагира навреме за оваа ситуација.

XS
SM
MD
LG