Израелските војници убиле двајца Палестинци за време на рацијата во средата на Западниот Брег, додека израелските сили извршиле и воздушни напади во Појасот Газа за кои војската соопшти дека цел биле милитанти од групата Исламски џихад.
Палестинските милитанти одговорија на израелските напади со прекуграничен ракетен оган што ги вклучи сирените во јужен Израел.
Засега нема извештаи за повредени од ракетите, додека палестинските здравствени власти соопштија дека во израелските воздушни напади загинало најмалку едно лице, а друго е повредено.
Воздушните напади уследија еден ден откако израелските напади во Газа убија тројца високи милитанти на Исламскиот џихад и најмалку 10 цивили - меѓу кои жени и деца.
На Западниот Брег, израелската војска соопшти дека нејзините трупи биле под оган додека извршиле рација, последна во речиси секојдневната тактика за која Израел вели дека има за цел да ги прекине мрежите на милитантите и да спречи напади. Рацијата се случила во градот Кабатија, во северниот дел на Западниот Брег.
Од почетокот на годината, најмалку 107 Палестинци се убиени во израелски напади, додека 20 Израелци се убиени во палестински напади.
Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиејтед прес, Франс Прес и Ројтерс.