Линкови за пристапност

Џип удри во толпа на автобуска станица во Тексас; 8 мртви


Без клупа на необележаната градска автобуска постојка, некои од жртвите седеле на работ на тротоарот околу 8:30 часот кога возачот удрил во нив.
Без клупа на необележаната градска автобуска постојка, некои од жртвите седеле на работ на тротоарот околу 8:30 часот кога возачот удрил во нив.

Бројот на загинати се искачи на осум откако џип удри во толпа луѓе кои чекаа автобус во неделата пред засолниште за мигранти во пограничниот град Браунсвил, Тексас, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, најмалку 10 други се повредени, соопшти полицијата, додека се подготвувала да го уапси хоспитализираниот возач.

Без клупа на необележаната градска автобуска постојка, некои од жртвите седеле на работ на тротоарот околу 8:30 часот кога возачот удрил во нив, покажа видеото од надзорните камери од центарот „Бископ Енрике Сан Педро Озанам“, пренесе новинската агенција АП.

Полицискиот истражител на Браунсвил, Мартин Сандовал, кој ја потврди последната смрт во неделата навечер, рече дека полицијата засега не знае дали судирот бил намерен.

Директорот на засолништето, Виктор Малдонадо, рече дека џипот истрчал на работ, се превртел и продолжил да се движи околу 60 метри. Удрени се и некои луѓе кои оделе по тротоарот на околу 9 метри од главната група, рече Малдонадо.

Сведоците го привеле возачот додека се обидувал да побегне и го задржале додека не дојде полицијата, рече тој.

„Џипот Ранџ Ровер, само помина преку луѓето што седеа на автобуската станица“, рече Малдонадо, кој го прегледа видеото од надзорот на засолништето.

Повеќето од жртвите се мажи од Венецуела, рече Малдонадо.

Браунсвил регистираше наплив на мигранти од Венецуела во последните две недели од нејасни причини, соопштија властите.

Во четвртокот, 4.000 од околу 6.000 мигранти во притворот на граничната патрола во долината Рио Гранде во Тексас беа Венецуелци.

Возачот бил пренесен во болница поради повредите здобиени при превртување на автомобилот, изјави Сандовал.

Во автомобилот немало патници, а полицијата веднаш не го знаеше името или возраста на возачот, изјави Сандовал во неделата попладне.

Сандовал рече дека постојат три можни објаснувања за судирот: „Може да се работи за интоксикација; може да биде несреќа; или може да биде намерно. За да дознаеме што точно се случило, треба да ги елиминираме другите две. „Тој е многу некооперативен во болницата, но ќе биде пренесен во нашиот градски затвор штом ќе биде ослободен“, рече Сандовал.

Полицијата му зела на возачот примерок од крв и ја испратила во лабораторија на Одделот за јавна безбедност во Тексас за да тестира за опојни средства.

Зголемувањето на бројот на мигранти оваа недела ги натера комесариите на Браунсвил на неодредено време да ја продолжат вонредната состојба.

XS
SM
MD
LG