Линкови за пристапност

Бајден се очекува да номинира борбен пилот за претседател на Здружениот Генералштаб


ВАШИНГТОН (АП) - Претседателот Џо Бајден се очекува да номинира борбен пилот на Воздухопловните сили со долгогодишно искуство во обликувањето на одбраната на САД, според двајца американски претставници запознаени со одлуката.

Доколку биде потврдено од Сенатот, генералот на воздухопловните сили Браун Џуниор ќе го замени досегашниот претседател на Здружениот Генералштаб, армискиот генерал Марк Мили, чиј мандат завршува во октомври.

Браун долго се сметаше за фаворит за оваа позиција и Бајден најверојатно ќе ја објави својата номинација наскоро, според официјалните лица, кои зборуваа во петокот под услов да останат анонимни.

Иако Браун нема да биде првиот Афроамериканец претседател - покојниот армиски генерал Колин Пауел беше првиот - но ќе биде за првпат и главните воени и цивилни позиции во Пентагон да бидат зафатени од Афроамериканци. Секретарот за одбрана Лојд Остин е на оваа функција од почетокот на администрацијата.

Браун (61) има кариера како борбен пилот на Ф-16 со повеќе од 3.000 часови лет и искуство со командување на сите нивоа. Последната година тој се сметаше за фаворит за замена на Мили, бидејќи Пентагон се префрла од подготовка за големите копнени војни од минатото кон одвраќање на потенцијален иден конфликт со Пекинг.

Тој напор би можел во голема мера да зависи од способноста на војската брзо да одговори на подемот на Кина во сајбер војната, вселената, нуклеарното оружје и хиперсонијата, сите области на кои Браун остро се фокусираше во последните неколку години како врвен воен лидер на воздухопловните сили, со цел да се модернизира американската воздушна сила за борба во 21 век.

XS
SM
MD
LG