Линкови за пристапност

Републиканците го повикаа ФБИ да објави нови наводи за Бајден; Белата куќа ги отфрли „инсинуациите“


Законодавецот од Кентаки, Републиканецот Џејмс Комер, претседател на Комисијата за надзор и одговорност при Претставничкиот дом, побара обелоденување на специфичен формулар на ФБИ од јуни 2020 година, кој е извештај за разговори или интеракции со доверлив извор.
Законодавецот од Кентаки, Републиканецот Џејмс Комер, претседател на Комисијата за надзор и одговорност при Претставничкиот дом, побара обелоденување на специфичен формулар на ФБИ од јуни 2020 година, кој е извештај за разговори или интеракции со доверлив извор.

Вишиот републиканец во Претставничкиот дом го повика директорот на ФБИ, Крис Вреј, да објави досиеја на Бирото поврзани со претседателот Џо Бајден и неговото семејство, засновајќи го барањето на новообјавените наводи, за кои, тој рече дека неименуван свиркач ги пратил до Конгресот, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, Белата куќа соопшти дека тоа е најновиот пример во повеќегодишната серија на „неосновани, недокажани“ политички напади против Бајден од страна на републиканците со „ анонимни инсинуации“.

Законодавецот од Кентаки, Републиканецот Џејмс Комер, претседател на Комисијата за надзор и одговорност при Претставничкиот дом, побара обелоденување на специфичен формулар на ФБИ од јуни 2020 година, кој е извештај за разговори или интеракции со доверлив извор.

Комер, во писмото до Вреј, кое го поднесе со републиканскиот сенатор Чак Грасли од Ајова, рече дека наводно ФБИ има таков документ што „опишува наводна криминална шема“ во која се вклучени Бајден и странски државјанин „во врска со размена на пари за политички одлуки“ кога Бајден беше потпретседател и вклучува „прецизен опис“ за тоа.

Асошиејтед Прес пренесе дека барањето од законодавците е кон таканаречени формулари ФД-1023 и придружните прилози и документи.

Законодавците го употребија зборот „наводен“ три пати во почетниот став од писмото и не понудија докази за вистинитоста на обвинувањата или какви било детали за она што тие тврдат се „многу веродостојни „некласифицирани обелоденувања на укажувачите“.

Комер и Грасли рекоа дека тие „откривања“ бараат понатамошна истрага и сакаат да знаат дали ФБИ истражувала и, ако да, што откриле агентите.

За Белата куќа, поканата е дополнителен доказ за тоа како конгресните републиканци долго време „лобираат за неосновани, недокажани, политички мотивирани напади“ против семејството на Бајден, „без да понудат докази за нивните тврдења или докази за одлуки под влијание на нешто друго освен интересите на САД“.

Портпаролот на Белата куќа, Иан Самс, рече дека Бајден „понудил невидено ниво на транспарентност“ за неговите лични финансии со јавното објавување на вкупно 25 години даночни поднесувања.

ФБИ и Одделот за правда потврдија дека го добиле барањето од републиканците, но одбија да коментираат повеќе.

Личните адвокати на претседателот немаа коментар.

Републиканците тврдат дека собрале докази во последниве години кои покренуваат прашања за тоа дали Бајден и неговото семејство ги користеле своите јавни позиции за приватна корист.

Републиканците во Претставничкиот дом ја искористија моќта со нивното ново мнозинство за агресивно да ги истражат деловните зделки на Џо Бајден и Хантер Бајден, вклучително и испитување на странските плаќања и други аспекти од финансиите на семејството.

Комер има добиено илјадници страници од финансиската евиденција на семејството Бајден преку покани до Одделот за финансии и разни финансиски институции од јануари.

Тој не откри многу за наодите од неговата истрага досега.

Неодамна, Комер тврдеше дека еден договор со семејството Бајден резултирал со профит од над 1 милион американски долари во повеќе од 15 дополнителни плаќања од кинеска компанија преку трета страна.

И Комер и Грасли ги обвинија и ФБИ и Одделот за правда за забошотување на нивните истраги и за политизирање на долгогодишната истрага на Агенцијата за даноците на Хантер Бајден.

XS
SM
MD
LG