Линкови за пристапност

Русија треба да се повлече од Украина, рече Кевин Мекарти


Спикерот на Претставничкиот дом предводи двопартиската делегација на американски законодавци во Израел и одржа историски говор во Кнесетот
Спикерот на Претставничкиот дом предводи двопартиската делегација на американски законодавци во Израел и одржа историски говор во Кнесетот

Спикерот на Претставничкиот дом на САД Кевин Мекарти изјави дека Русија треба да се повлече од Украина.

Републиканскиот лидер го кажа ова денес на прес-конференција во Ерусалим за време на неговото прво патување во странство како спикер на Претставничкиот дом.

Мекарти ја засили својата лична политичка поддршка за Киев, како и воената посветеност на САД кон Украина.

Обраќајќи му се на новинарот од руските медиуми, Мекарти рече дека не го поддржува она што Русија го прави во Украина, вклучувајќи го и она што тој рече дека е „убиство на децата“.

Мекарти ја предводи двопартиската делегација на американски законодавци во Израел и одржа историски говор во Кнесетот, прво вакво обраќање на претседател на Претставничкиот дом на САД во последните 25 години.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG