Линкови за пристапност

Руски проектили убиле најмалку 14 лица меѓу кои и две 10-годишни деца


Русија изврши повеќе од 20 напади со крстосувачки ракети рано утринава во Украина, вклучително и во главниот град Киев, при што загинаа цивили кои во моментот спиеле во нивните станови.

Асошиетед прес објави дека 14 лица загинале, меѓу кои и две 10-годишни деца, кога ракетните напади погодиле станбена зграда во Уман во централна Украина. Украинската национална полиција за АП изјави дека 12 лица биле ранети, а три деца биле спасени од урнатините по нападот.

Мајка и нејзината ќерка се убиени во источниот град Днипро. Во Киев не се пријавени жртви.

Нападите се случиле само неколку дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговараше со кинескиот претседател Шји Џјинпинг за изнаоѓање решение за војната. Кинескиот лидер рече дека Кина ќе испрати мировен пратеник во Украина.

По ракетните напади во петокот, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша: „Патот до мирот е да се исфрли Русија од Украина“.

Сојузниците на НАТО и ги доставија речиси сите ветени борбени возила на Украина, вклучувајќи повеќе од 1.550 оклопни возила и 230 тенкови.

Русија ги откажа овогодинешните руски меѓународни армиски игри. Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија „најверојатно ги откажала игрите главно затоа што е загрижена дека настанот ќе се смета за несериозен во време на војна“.

Некои информации за овој извештај се од Ројтерс и Асошиејтед прес.

XS
SM
MD
LG