Линкови за пристапност

Увозници на овошје и зеленчук добија кривични пријави за затајување данок


Три компании и нивните управители одат на суд за затајување данок бидејќи продавале на црно. Од почетокот на годинава тие набавиле прехранбени производи вредни 112 милиони денари кои во контролата на финансиската полиција и пазарниот инспекторат не се најдени. Тие намерно предизвикувале кусок или вишок и директно влијаеле врз цената која на крајот ја платија граѓаните



СКОПЈЕ - Три компании набавувале овошје и зеленчук и иако ги евидентирале како залиха ги продале на црно бидејќи не биле најдени при контролите во нивните магацини и во сметководствата.. Финансиската полиција денеска поднесе кривични пријави за даночно затајување против компаниите и нивните управители з а според доказите Буџетот е оштетен за 18 милиони денари или 295 илјади евра.

За кои компании станува збор официјална информација а според информациите на Гласот на Америка станува збор за увозници на прехранбени продукти.

Трите компании и нивните управители во периодот од јануари заклучно со вторникот, кога беше изведена последната контрола на Кванташкиот пазар од инспкеторите на ДПИ, УЈП, МВР и Финансиската полиција, набавиле прехранбени производи вредни 1,8 милиони евра или 112 милиони денари кои потоа ги продале на црно без фактури или фискални сметки со што ја што диктирале цената на овие производи пазарот бидејќи намерно создавале кусок или вишок на продукти а нивните шпекулации на крајот ги платија граѓаните.

„Свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 01.01.2023 година до 25.04.2023 година, значителен дел од набавената трговска стока (прехрамбени производи) евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле Данок на додадена вредност по даночна стапка од 5% во износ од 5.636.379 денари и Данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари. Со така преземените дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 18.161.097 денари“, стои во соопштението на Финансиската полиција.

Оттаму информираат дека продолжуваат со контроли на документации на компании од повеќе градови низ државата и доколку се потврдат соменвањата за криминал и даночно затајување ќе бидат известени надлежните јавни обвинителства.

Во средата министерот за економија Крешник бектеши и директорот на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски информираа дека Одлуките на Владата за максимална цена и задолжителен пласман не ги почитувале речиси сите и дека прекршочни пријави се поднесени и за увозници на опвошје и зеленчук и за диутроибутери, трговци но и ланци на големи маркети. Tокму затоа Бектешки најави дека одлуката за ограничување на максималните цени која истекува на крајот од месецов ќе се продолжи.

Околу фактурите со лажни износи кои увозниците на овошје и зеленчук со години ги доставувале до царината за да избегнат плаќање на царина надлежните информираа дека Царинската Управа ги доставила сите фактури од изминатата година до колегите во Турција, Србија, Албанија и Грција и очекуваат повратна информација дали се совпаѓаат.

XS
SM
MD
LG