Линкови за пристапност

Почина ТВ-водителот Џери Спрингер


Џери Спрингер, некогашен градоначалник и легендарен водител на „Шоуто на Џери Спрингер“ почина денес на 79-годишна возраст.

Дневното ток-шоу, познато по фрлање столчиња и караници, беше омилено меѓу Американците во текот на неговото 27-годишно траење, а во еден момент го достигна и рејтингот на шоуто на Опра Винфри.

„Способноста на Џери да се поврзе со луѓето беше во срцето на неговиот успех во сè што се обидуваше, без разлика дали тоа беше политика, емитување или само шегување со луѓето на улица кои сакаа фотографија или збор“, соопшти неговото семејство.

„Тој е незаменлив и неговата загуба неизмерно боли, но сеќавањата за неговиот интелект, срце и хумор ќе живеат“.

Спрингер почина мирно дома во предградието на Чикаго по кратко боледување, се вели во соопштението.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG