Линкови за пристапност

Жестоки реакции по случувањата во Судскиот совет


Главни актери на кусата седница која доцнеше неколку часа беа разрешената Дамева и човекот што ја иницираше нејзината смена, заменикот-претседател Селим Адеми.
Главни актери на кусата седница која доцнеше неколку часа беа разрешената Дамева и човекот што ја иницираше нејзината смена, заменикот-претседател Селим Адеми.

Турбуленции во македонското судство – во помалку од 24 часа разрешена е претседателката на Судскиот совет и отпочната е процедура за избор на нејзин наследник.

Случувањата следат само неколку дена по обелоденувањето на писмото на американската амбасадорка во кое таа критикува за ситуацијата во судовите и нивната неефикасност.

Процесот почнат со контроверзната смена на претседателката Весна Дамева, продолжи денеска во тензична атмосфера.

Главни актери на кусата седница која доцнеше неколку часа беа разрешената Дамева и човекот што ја иницираше нејзината смена, заменикот-претседател Селим Адеми.

„Ќе оставиме уште два дена за да видиме дали вашето незаконско разрешување, без постапка, дали на некаков начин ќе се легализира.“, изјави Весна Дамева, разрешена претседателка а Судкиот совет.

„Многу зборувате во наводници, ако сте толку транспарентна, јавноста е тука, одржете си прес и да кажете дали јас имам вршено притисок.“, изјави Селим Адеми, заменик-претседател на Судскиот совет.

Седницата за избор на нов претседател е одложена за вторник. Селими влезе во расправа и со новинарските екипи.

Има институции во државата кои ќе кажат дали одлуката е законска... Но, г-дине Селими реакциите се дека на незаконски начин е разрешена Дамева.

Ставот на шефот на државата е дека случувањата во Судскиот совет не му доликуваат на телото кое е надлежно за избор и разрешување на судии.

„Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем“, вели Пендаровски.

Министерството за правда, пак го побара записникот од седницата на која беше разрешена Дамева.

Реагираше и антикорупциската комисија.

„Имајќи ја предвид позиционираноста на Судскиот совет како највисок орган на судската власт кој треба да се залага за бескомпромисно почитување на принципот на владеење на правото и за обезбедување на независноста на судската власт како трет столб на власта, комисијата изразува сериозна загриженост за случувањата на седницата на Судскиот совет“, соопштија од антикорупциска.

Случувањата во Судскиот совет, кои почнаа откако беше побарана постапка за утврдување одговорност на судијата од Апелација кој во фиока со месеци држеше високопрофилирани предмети, ги осудија и дел од политичките партии.

„Преседан. Затоа правниот систем има толку ниска доверба од 4 отсто.“, изјави Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целава работа е од кои причини и кои политички влијанија ова се случува. Се гледаше дека не е во согласност со одредбите како функционира оваа институција. Тоа се случило за да се одбранат судиите кои длабоко се во служба на политиката.“, изјави Фадил Зендели од Беса.

Токму за ваквата ситуација, работата и неефикасноста во судството реагираше американската амбасадорка во писмо, кое на 11 април, било пратено до судската и извршната власт.

„Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број високопрофилирани предмети кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“, се вели во писмото на Агелер.

XS
SM
MD
LG