Линкови за пристапност

Продавале овошје и зеленчук поскапо или ги држеле во магацини, кривични пријави за трговци и маркети


Одлуките на Владата за максимални цени и задолжителен пласман не се почитувале од увозник, преку дистрибутер, до трговец и ланци големи маркети. Сите се обиделе да профитираат и затоа против петанесетина фирми и компании се поднесени прекршочни пријави а дел од нив ќе одговараат и кривично заради затајување на данок. На судските процеси ќе присуствуваат и пазарните инспектори. Одлуката за ограничување на максималните цени на единаесет вида овошје и зеленчук која истекува на крајот од месецов ќе се продолжи



СКОПЈЕ – Увозници, трговци, дистрибутери и ланци на маркети калкулирале со пласманот на овошје и зеленчук или пак ги продавале по повисока цена од онаа која што ја одреди Владата и со тоа диртектно не ги почитувале владините одлуки и се обидувале да спечалат што е можно повеќе од џебот на граѓаните.

Петанесетина компании се на листата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Финансиската полиција и против нив веќе се поднесени прекршочни пријави и платни налози а дел од нив ќе добијат и кривични пријави за избегнување на плаќање на давачки кон држава, затајување на данок и ќе се води судска постапка.

Ова е епилогот од неколкуте акции на пазарните инспектрои вклучувајќи ја и вчерашната на Кванташкиот пазар во која беа запленети над 15 тони овошје и зеленчук од регистрирани и нерегистрирани трговци заради сторени прекршоци.

„Има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар - Анмарк ДООЕЛ. Има казни за увозници на овошје и зеленчук за компаниите Савари, Астра фреш, Атлантик, Фрута – Фрукта, Стрима, Нектар фреш, Ема стил и други, а секако има и казни за трговците на мало како што се Веро, КАМ, Стокомак, Кипер, Зендолино, Тинекс и Иса МКБ. Важно е дека кривични пријави ќе има согласно контролите, колку ќе бидат конкретно и за кои, ќе бидете информани до крајот на неделава, а дека ќе има сигурно ќе има“, соопшти Крешник Бектеши, министер за економија.

Тој кажа дека контролите ќе продолжат а кои компании ќе се соочат со суддка постапка ќе соопшти во петок бидејќи за дел од компаниите се завршени анализите а за остатокот во моментов Финансиската полиција ја чешла документацијата.

А во вчерашната контрола на Кванташкиот пазар инспекторите затекнале тотален хаос и безвластие.

„Констатирани се многу прекршоци а ги казнивме управителите на пазарот и поголем дел од увозниците на овошје и зеленчук кои се таму лоцирани. Затекнати беа физички лица без лиценца кои вршат трговија на мало а Кванташки е регистриран за трговија на големо.
Ова е само почеток. Во наредниот перидо продолжуваме со контроли и нема да дозволиме кршење на законите“, изјави Горан Трајковски, директор на ДПИ.

Тој најави дека во кривичните постапки инспекторите ќе присуствуваат на судските рочишта.

„Апелирам до сите економски субјекти да си ги подигнат платните налози и да ги платат или да одат на судска постапка. Од денеска па натака, сите инспектори кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта. Практиката од непојавување на инспекторите на судските рочишта нема да ја има во иднина. Системот ќе профункционира. Зошто ова не се применувало досега, не сакам да коментирам“, рече Трајковски и им портача на граѓаните да не се двоумат и да ги пријавуваат нерегуларностите кои ги затекнале.

Минстерот Бектеши пак им порача на увозниците, реговците и производителите да ја почитуваат Одлуката на Владата за 70 отсто од пласман споредено со изминатите месеци и најави дека доколку продолжи праксата на неисполнување ќе има нови заплени.

„Нема да дозволам да се повтори она што се случи за Велгиденските празници и за Рамазан Бајрам а последиците и високите цени ги трпеа граѓаните. Трговците и увозниците немаа разбирање да им излезат во пресрет на граѓаните и да ги почитуваат одлуките на Владата. Затоа побарав од министерот Бектеши доколку има простор да се пдодолжи важноста на Одлуките“, рече Трајковски.

Бектеши пак соопшти дека одлуката за ограничување на максималните цени која истекува на крајот од месецов ќе се продолжи но не прецизираше до кога.

Околу фактурите со лажни износи кои увозниците на овошје и зеленчук со години ги доставувале до царината за да избегнат плаќање на царина надлежните информираа дека Царинската Управа ги доставила сите фактури од изминатата година до колегите во Турција, Србија, Албанија и Грција и очекуваат повратна информација дали се совпаѓаат.

Откако беше принудена да ги коригира цените поради откриени криминал Владата ги ограничи максималните цени на 95 денари за домати, грав и краставици, 70 денари за килограм кромид, 75 денари за банани и мандарини, 60 денари за портокали и лимони а сто и нешто над сто денари ќе чинат пиперките и леќата.

XS
SM
MD
LG