Ова е ветувањето на првиот вицпремиер кое го даде пред медиумите и бизнис секторот и ја обвини опозицијата за хајка која му одговори дека може лесно да ги демантира ако не се во право. Дали домашните компании Владата ги стави во подредена положба потпишувајќи го договорот со „Бехтел и Енка“, зошто не се консултирани и какви гаранции дава Владата околу учеството во проектот и дел од колачот тежок 1,3 милијарди беа клучните прашања на кои Груби одговараше пред претставниците на домашниот бизнис сектор
СКОПЈЕ – Договорот со „Бехтел и Енка“ останува таен а во замена јавноста и бизнис секторот денеска добија ветување од првиот вицепрмиер Артан Груби дека нема да има корупција при изградбата на Коридорите и дека доколку било кој политичар украде и само еден денар од проектот ќе ка загуби слободата на долг период.
„Ова ние животен проект на сите нас и сакаме да биде успешен. Ако се проневери и еден дена од овој проект, од граѓаните или ако се корумпира било кој од нас политичарите да скапеме доживотно во затвор“, рече Груби пред преставаниците на Стопанската комора.
Тој обвини за тенденциознист и непотреба хајка околу договорот потпишан со конзорциумот „Бехтел и Енка“ која ја води опозициската ВМРО – ДПМНЕ.Сепак Груби кажа дека имале поддршка од опозициската ВМРО – ДПМНЕ бидејќи створиле кворум при гласањето за потпишувањето на закоанот за стратешка соработка со конзорциумот во 2021 година иако не гласале а потоа имал средби со претседателот на партијата Мицкоски и со потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николовски но и дека им било понудено место во Управувачкиот комитет.
„Сите се согласија дека се потребни законски измени и дека имаат нивни предлози за подобрување на законските решенија но никогаш не ни ги доатсвија. Господинот Мисцкоски даде недвосмислена поддршка за спацијалниот закон. Откако се формираше Комитетот му понудив да бидат дел од проектот и преговоротите а тој ми одговори цитирам „терајте си ја работата, ваш проект е, доволно дадовме поддршка потпишете го и да одиме на предвремени избори““, рече Груби.
Од ВМРО ДПМНЕ па експресно одговорија дека е добро што Артан Груби е свесен дека ќе лежи во затвор и дури и сам си ја одреди и висината на казната.
Денеска во Стопанската Комора се одржа брифинг на тема договорот со „Бехтел и Енка“ на кој учествуваа преставниците на бизнис секторот и неколку министри од Владата кои ги предводеше Груби.
Зошто не е консултирана бизнис заедницата, зошто се прибегнува кон скратена постапка за законски измени и каде се македонските компании во овој проект беа дел од прашањата на Стопанската комора.
„Наместо да направите некои домашни компании да бидат мангупи на европски пазар. Да седневме заеднички да ги утврдевме и да видевме кои се тие критериуми и таа 1,3 милијарди евра да завршеа во портфолиото на некоја домашна или конзорциум од домашпни компании. Тогапш немаше да бидеме измеќари за сопствени пари. Вака секогаш ќе остане отворено прашањето зошто одлучивте токму вака“, изјави Агнела Пеева Лауренчиќ, член на УО на Стопанската комора.
Според вицепремиерот се е јавно но немало интерес. Тој кажа дека над 40 компании веќе контактирале со конзорциумот „Бехтел и Енка“ кои имаат веќе отворено канцеларии во Скопје.
За бизнис заедницата е нејасно зошто учеството на домашните компании и ресусрси е ограничено на најмалку 51 отсто.
„Каде сме ние во овој проект? И самите рековте дека минимумот е 51 отсто. Зошто да е минимумот 51, а не 61 или 71 отсто. Ако навистина македонските компании имаат капацитет, без разлика што „Бехтел и Енка“ го добиле проектот зошто да не ги ангажираат сите македонски компании кои можат да учествуваат во тоа. Зошто материјалите кои што практично се употребуваат за Коридорите не бидат сите од домашно производство и да бидат условени да бидат домашно производство,. Зошто проекти да се работат со исклучиво увозни материјали“, рече Борис Хрисафов, директор на „УСЈЕ“
Според Груби Владата се обидува да издејствува што е можно поголемо учество на домашни компании што е можно поголем дел од колачот од 1,3 милијарди евра.
За бизнисмените се нејсни и одредбите за ослободување од давачките и зошто тоа не важи за сите а не само за овој проект и како ќе се адаптираат платите по завршувањето на проектот со оглед дека судејќи по првичните огласи кои ги распиша ЈПДП за вработување.
Кога станува збор за законските измени по скратена постапка Груби кажа дека тие не се на барање на „Бехтел и Енка“.
„Не се барање на конзорциумот, не се барање ниту на надзорот. Тоа се барања на нашите пратеници по разговори со колеги за слични проекти во Србија, Косово, Албанија, Хрватска, Романија и Црна Гора. Увидовме дека мора да има промени во некои од законите за проектот да биде завршен побрзо и да чини многу поефтино. Во рацете на пратениците е да одлучат дали овој проект ќе чини десетици милиони евра поефтино и да заврши за 57 месеци или да чини десетици милиони евра повеќе и да трае година и пол повеќе. Се е во рацете на пратениците“, дециден е Груби.
А договорот го чекаат и пратениците и Антикорупционерите кои имаат безбедносни сертификати за класифицирани информации.
„Првенствено се обративме до министерството за транспорт и врски и оттаму не известија дека договорот е кај Владата. Дополнително изгубивме време додека да доставиме писмо. Очекуваме деновивме да заврши рокот од 15 дена што го имаат на располагање. Да видиме дали ќе го испочитуваат рокот пред се. Сепак ние располагаме со безбедносни серитфикати за да можеме да гледаме документи со класификација „држава тајна“ а не доверливи“, изјави Катица Николовска, член на ДКСК
Од Антикорупциската комисија уште една апелираа да не се користи скратената постапка за носење на законски измени и најавија дека ги следат огласите за вработување кои се поврзани со изградбата на Коридорите.
Бизнис секторот имаше конкретно прашање до Груби околу одлуката за прогласување на недела за неработен дена на што тој одговори дека е на нивна страна и е неопходно да се направат законски измени но таа одлука мора да биде консензуална во Владата и Собранието.