Линкови за пристапност

Светска премиера на македонскиот филм „Приспивни сирени“ на Интернационалниот филмски фестивал Палм Бич


Филмот ја пренесува пораката за неоткажувањето и надежта на луѓето кои решиле да живеат во војна. „Приспивни сирени“ својата светската премиера ја дочека на 28-то издание на Инернационалниот филмски фестивал Палм Бич во Флорида.
Филмот ја пренесува пораката за неоткажувањето и надежта на луѓето кои решиле да живеат во војна. „Приспивни сирени“ својата светската премиера ја дочека на 28-то издание на Инернационалниот филмски фестивал Палм Бич во Флорида.

Ова не се сцени од обичен филм, ова се вистински сцени од нападот на Русија врз Украина која ги документирала македонската новинарка Кристина Атовска.

По нејзиното враќање од воените боишта со својот тим го направија документарниот филм „Приспивни сирени“ кој им дава глас на оние кои не можат да бидат слушнати поради војната во нивните дворови.

Атовска за Гласот на Америка вели дека филмот ја пренесува пораката за неоткажувањето и надежта на луѓето кои решиле да живеат во војна.

„Ставајќи го фокусот на филмот токму на таквиот тип на луѓе или на однесување или на чувства е токму она што не доведе и до самата порака на филмот, пораката за неоткажување, пораката за истрајност и на крајот сакам секако да кажам и да пренесам дека буквално секоја војна се победува со неоткажување“, изјави новинарката Кристина Атовска.

Продуцентот на филмот, Виктор Петрески вели дека во Северна Македонија е невозможно да се снима независен воен документарен филм поради немањето средства за продукција на ваков тип документарен филм.

„Навистина е предизвикувачки процес да се направи ваков филм, зема данок и преку ресурси меѓутоа, зема и еден емоционален данок кој што требаше време малку да излезе од нас“, вели Петрески.

Најемотивно погодена била асистенката на режија, Мајда Бошњак кога ги добила снимките од масакрот во Буча.

„Тоа беа првите снимки од масакрот во Буча. Кога ги добив тие снимки, тоа беше нешто што не можам да ви го опишам како доживување. Искрено во првиот момент кога ги разгледав фотографиите повраќав во следниот момент“, рече таа.

Филмот „Приспивни сирени“ својата кино-премиера во Северна Македонија ја имаше на 27-ми февруари, а светската премиера ја дочека на 28-то издание на Инернационалниот филмски фестивал Палм Бич во Флорида.

XS
SM
MD
LG