Линкови за пристапност

ЕУ изрази доверба во договорот за муниција со Украина


Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, во понеделникот рече дека иако остануваат некои несогласувања околу програмата за снабдување на Украина со потребната муниција, тој е убеден дека земјите-членки ќе ги финализираат преостанатите детали.

Борел им рече на новинарите во Луксембург при пристигнувањето на состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ дека е сигурен дека „сите ќе разберат дека сме во ситуација на екстремна итност“.

Тој подоцна твитна откако украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба се обрати на состанокот преку видео дека најдобар начин да се запре војната е Русија да престане да се бори и да се повлече од украинската територија.

„Дотогаш, ќе продолжиме да гарантираме дека Украина има капацитет да се одбрани од руската агресија“, рече Борел.

Кулеба минатата недела изрази фрустрација што договорот постигнат минатиот месец од членките на ЕУ за заеднички купување артилериска муниција за Украина и за зајакнување на европското производство на муниција сè уште не е спроведен.

Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG