Линкови за пристапност

Подготвителни активности за старт на реализација на изградбата на Коридорите 8 и 10-д


Стартот на реализацијата на договорот мина без градежни активности. Опозицијата обвинува за недоследности во дговорот кои отвараат можност за корупција, јавноста го бара договорот на увид, експертите дебата. Договорот со „Бехтел и Енка“ засега ќе го видат само во Обвинителството и пратениците кои имаат безбедносен сертификат


СКОПЈЕ - Иако министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски, во средата најави дека денеска ќе ги повика новинарите да дојдат на локацијата каде би се означил стартот на градбата на Коридрот 8 тоа не се случи а реализацијата на договорот за изградба на Коридорите почна со подготвителни активности но не и тешка механизација .

Од министерството за транспорт и врски денеска преку соопштение информираа дека подготвителните актвиности се всушност старт на проектот.

„Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање. Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги“, стои во соопштението на министерството од каде додадоа дека изградбата на Коридорите 8 и 10-д е од стратешки интерес за државата и ќе се заокружи коридорското автопатското поврзување на Република Северна Македонија со Европа и со регионот.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска повторно побара договорот да сеобјави јавно и да има јавна дебата а не да се дрѓи во тајност или пак да го добијат само пратениците кои имаат безбедносен сертификат.

„Ние отворивме најмалку десетина дилеми изминатиот период кој што се поврзани со овој договор, за кои што сметаме дека се историски криминални. А дури и јас би рекол дека според влијанието кои што го имаат овие проблематични делови од договорот се поголем криминал од времето на транзицијата кога практично десетици, стотици наши сограѓани останаа без работа“, рече Мицкоски

Премиерот Димитар Ковачевски, вчера изјави дека 51 отсто од вредноста на проектот ќе останат кај македонските компании. Тајноста на договорот ја оправда со деловни тајни и потврди дека ќе биде презентиран пред дел од пратениците во Собранието кои имаат безбедносен сертификат.

„Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д, кој како и секој друг комерцијален договор, е склучен меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачот на работите, во себе содржи заштитни клаузули кои му даваат степен на доверливост на тој договор. Едната од страните во договорот има наведено свои технолошки процеси, техничко-технолошки методи кои ги користи, како и ценовни структури кои не сака да дојдат во посед на нивни конкуренти, со оглед на тоа дека тие работат и на други проекти. Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10-д има ниво на доверливост, но тоа не значи дека некој нешто сака да сокрие“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во вчерашното интервју за телевизија „Сител“.

Околу соопштението на Амбасадата на САД која се огради од договорот на Владата на Северна Македонија со конзорциумот „Бехтел и Енка“ премиероткажа дека во него е многу јасно и точно се наведува дека американската амбасада го поддржува инфраструктурното унапредување на нашата држава.

Од СДСМ пак му реплицираа на потпретседателот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ, Александар Николоски, кој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои ги добил од свиркачи, а според кои 70 отсто од работниците ќе бидат странски државјани без работни дозволи и дозволи за престој.

Од владеачката партија го обвинија Николоски за спин и дека изведувачот според договорот мора да користи најмалку 51 отсто локални реусрси.

„ Во делот каде се регулира ангажманот за работници од дома и од странство јасно стои обврската стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси. Е токму ова е моментот каде Николоски го прави тој спин. Николоски спинува, затоа што законот е јасен. Тоа значи дека ако нашата земја има доволно локални ресурси којшто може да ги користи тогаш може прцентот да биде повисок од 51%. Во член 13 во однос на другото прашање, во став 1 јасно стои дека ангажираните работници мора да имаат потребни дозволи за престој и работа и согласно овој специјален Закон точно е утврдена оваа процедура односно она што стои во Договорот е согласно со законот“, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Останува нејасно како Управувачкиот комитет и консултантите дозволија договорот со „Бехтел и Енка“ да има две опзции, поефтина со законски измени и посакпа без бзаконски измени. За таа цел во собраниска процедура се влезени измани на осум закони а еден од клучните е Законот за равботни односи каде измените предвидуваат 60 часовна работна недела, нешто што е услов за Коридорите да бидат изградени во предвидениот рок и државата да не плаќа пенали.

Доколку измените поминат во Собранието повеќе од сигурно е дека повторно ќе бидат оспорени пред Уставниот, суд но надлежните се убедени дека овој пат судот ќе одлучи поинаку.

Првично најавените 1,3 милијарди евра за проектот сега станаа само проценка и тоа само во случај доколку се истуркаат законските измени , но ако не поминат, според вицепреиерот Артан Груби изгрдабата ќе трае најмалку шест месеци подолго од предвидените 5 години.

XS
SM
MD
LG