Линкови за пристапност

Министрите од Г-7 загрижени за активностите на Русија и Кина


Министрите од групата Г-7 наведоа дека се посветени на „интензивирање на санкциите против Русија“.
Министрите од групата Г-7 наведоа дека се посветени на „интензивирање на санкциите против Русија“.

Министрите за надворешни работи од Групата седум нации ја осудија руската војна во Украина и ја истакнаа потребата за ангажирање со Кина за решавање на глобалните предизвици, а своите состаноци во Јапонија денеска ги затворија за јавноста.

И покрај тоа што ја истакнаа важноста да се работи со Кина за прашања како што се климатските промени и глобалната здравствена безбедност, министрите изразија загриженост во активностите на Кина во Источното и Јужното Кинеско Море и нејзиниот став кон Тајван.

„Ја потврдуваме важноста на мирот и стабилноста преку Тајванскиот морски теснец како незаменлив елемент во безбедноста и просперитетот во меѓународната заедница и повикуваме на мирно решавање на прашањата меѓу теснецот“, рекоа министрите.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека во разговорите со неговите колеги од Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија имало „извонредна конвергенција“ во врска со загриженоста за Кина и што се прави за да се одговори на тие грижи.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пред новинарите изјави дека Г-7 грубо се меша во внатрешните работи на Кина.

Блинкен пак рече дека во врска со застојот на американско-кинеските дискусии, САД веруваат „дека е важно да се има линии на комуникација, да се биде во можност да се вклучи во широк спектар на прашања што ги оживуваат односите“.

„Моите очекувања би биле дека ќе можеме да продолжиме напред, но се бара од Кина јасно да ги каже сопствените намери“, рече Блинкен.

Министрите од групата Г-7 наведоа дека се посветени на „интензивирање на санкциите против Русија“, додека исто така се координираат за да се осигураат дека Русија и другите нема да ги одбегнат тие мерки. Тие, исто така, ја предупредија Русија за употреба на нуклеарни или хемиско оружје и ја осуди руската окупација на нуклеарната централа Запорожје.

Дел од информациите се од АП и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG