Линкови за пристапност

Вработен во банка убил 4 лица во Луисвил, Кентаки соопшти полицијата


ЛУИСВИЛ (АП) - 23-годишник со пушка убил четири лица денес, вклучително и близок пријател на гувернерот во банката во Луисвил каде што бил вработен, соопштија властите.

Престрелката или 15-то вооружено насилство во САД оваа година, се случува само две недели откако поранешен ученик уби три деца и тројца возрасни во едно христијанско основно училиште во Нешвил, Тенеси. Гувернерот на таа држава и неговата сопруга, исто така, имале пријатели убиени во таа престрелка.

Полицијата во Луисвил пристигнала додека се уште се слушале истрели во Старата народна банка и размениле оган со напаѓачот, кој починал, изјави заменик-началникот на полицискиот оддел на метрото во Луисвил, Пол Хемфри на прес-конференција. Тој рече дека не е јасно дали напаѓачот се самоубил или бил застрелан од полицијата.

„Веруваме дека лицето вклучено во ова, имал врска со банката. Се обидуваме да утврдиме каква е таа врска, но се чини дека тој бил претходно вработен таму“, рече Хемфри.

Шефот на полицијата Жаклин Гвин-Вилароел го идентификуваше напаѓачот како Конор Старџен.

Девет лица, вклучително и двајца полицајци, се хоспитализирани поради повреди од пукањето, изјави портпаролката на болницата на Универзитетот Луисвил, Хедер Фонтејн. Еден од полицајците е во критична состојба, рече таа.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, изјави дека изгубил пријател во престрелката.

Извор: Асошиетед Прес

XS
SM
MD
LG