Линкови за пристапност

25 години затвор за Кара-Мурза


Еве што изјави за Гласот на Америка, веднаш по објавата на барањето од обвинителите во Москва, сопругата на Владимир Владимирович Кара-Мурза, Евгениа Кара-Мурза:

Четвртина век! За јавната критика на Володја кон властите, за јавна осуда на злосторствата на режимот.

Ова секако е високо признание за ефективноста на неговата работа. И тоа покажува дека овие луѓе толку се плашат од него и го мразат. Очигледно, работата на Володија беше ефективна во текот на овие години што решија да го држат скриен толку долго.

Но, од друга страна, за мене се чини дека се оптимисти. Со изрекување толкави казни тие навистина веруваат дека 25 години тие ќе останат на власт.

Дваесет и пет години, четвртина век, звучи страшно. Нашата најстара ќерка сега има седумнаесет години. А што може да се случи за 25 години! Ооа е голем психолошки момент.

Исто така, тоа е алатка за заплашување за други луѓе кои можеби ќе сакаат да го следат примерот на Володја и да продолжат да протестираат, да продолжат да шират информации за злосторствата што ги прави руската армија во Украина.

Според зборовите на нашиот адвокат, Вадим Прохоров, тој никогаш не видел такво беззаконие во ниту еден случај во модерна Русија.

Според адвокатот, во текот на овој судски процес не смееле ниту да изнесат докази за невиност. Тоа е целосно кафкијански процес.

Постапката последните денови беше многу брза. Последните состаноци се одржаа во петокот, понеделникот, вторникот и сега е четврток. На адвокатот му беше речено дека дека не може да комуницира со неговиот клиент за време на викендите, а навечер исто така не може да се види со него.

Од судот остана само името. Во Русија веќе долго време нема правда. Во денешна Русија на Владимир Путин, судовите и правдата не значат ништо.

XS
SM
MD
LG