ВАШИНГТОН (АП) - Највисокиот финансиски регулатор на САД тврди дека менаџментот на банката во Силиконската долина е во голема мера виновен за неуспехот на банката на почетокот на овој месец и вели дека Федералните резерви (ФЕД) ќе разгледаат дали законот од 2018 година кој ги намали построгите банкарски правила, исто така, придонел за нејзиниот колапс.
„Неуспехот на банката на Силиконската долина (СВБ) е случај на лошо управување“, рече Мајкл Бар, потпретседател за надзор на ФЕД, во писменото сведочење што ќе биде дадено во вторник на сослушувањето на Комитетот за банкарство на Сенатот.
Бар укажа на „концентрираниот бизнис модел“ на банката, во кој нејзините клиенти биле претежно ризичен капитал и високотехнолошки фирми во Силиконската долина. Тој, исто така, тврди дека банката не успеала да управува со ризикот од поседувањето обврзници, кои изгубиле вредност бидејќи ФЕД ги зголеми каматните стапки.
Банкарскиот комитет на Сенатот денес ќе го одржи првото формално конгресно сослушување за неуспесите на банката Силиконска долина и Сингничар банката со седиште во Њујорк како и недостатоците во надзорот и регулативата, од страна на ФЕД и другите агенции, кои им претходеа. Комитетот, исто така, најверојатно ќе ги испрашува Бар и другите официјални лица за одговорот на владата, вклучително и нејзината итна одлука да ги осигура сите депозити во двете банки, иако огромното мнозинство го надмина лимитот од 250.000 американски долари.
На сослушувањето во Сенатот ќе сведочат и Мартин Груенберг, претседател на ФДИЦ и Нели Лианг, потсекретар за внатрешни финансии во Одделот за финансии. Во среда, сите тројца ќе сведочат пред комисијата на Претставничкиот дом.
Извор: Асошиетед Прес