Линкови за пристапност

И цените на хигиенските производи одат „под мраз“


Можно е Владата да даде рок од неколку дена за корекција на цените на хигиенските производи пред замрзнување. До крајот на неделата се очекува замрзнување на цените на пет или шест вида овошје и зеленчук. Анализите на Царината за увозните цени на овошјето и зеленчукот се доставени до економија се проверуваат маржите.



СКОПЈЕ – Цените на хигиенските производи ќе се замрзнуваат, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Одлуката за замрзнување ќе биде на маса на утрешната седница на Владата кога се очекува да биде донесена. Не се исклучува и можноста да се замрзнат цените на неколку вида овошје и зеленчук,нешто што потрошувачки го бараат веќе извесен период поради високата продажна цена со која се соочуваат во маркетите во изминатиот период.

Замрзнувањето на хигиенските производи ќе оди на ист принцип како и со млечните производи и тестенините, односно производителите ќе добијат краен рок до кога да ги спуштат цените пред на сила да стапи замрзнувањето на цената.

„Веќе се завршени сите анализи во делот на основните прехранбени производи вклучувајќи ги овошјето и зеленчукот но и хигиенските производи. Најверојатно на утрешната седница на Влада ќе се донесе одлука за замрзнување на цената на хигиенските производи. Тоа што го најавивме претходно ќе го оствариме. Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието и да чекаме на одлука за намалување на стапките ДДВ-то за хигиенските производи. Ќе биде лепеза на производи од хигиената кои утре ќе се замрзнуваат на ист начин како што ги замрзнавме цените со утврдување на датум каде што треба да има одредено процентуално намалување. Датумот ќе се дознае утре. Одредени компаниии ќе може да направат корекции во текот на денешниот и утрешниот ден“, рече Бектеши.

Кога станува збор за овошјето и зеленчукот кои се продаваат по цени за кои граѓаните но и од Владата сметаат дека се исклучително високи, ќе има интервенција до крајот на неделава. Најверојатно ќе има намалување кај пет до шест вида овошје и зеленчук.

„Во делот на овошјето и зеленчукот вчера ги добив анализите од министерството за земјоделие. Во текот на денот мојот тим работи. Најверојатно пет или шест произиводи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела. Во моментов ги чекаме анализите од Царинската управа во делот на увозните цени кои ги пријавуваат нашите трговци кои се бават со овошје и зеленчук и да видиме колку е разликата во делот на маржите за да можеме во текот на неделава и увозните производи кои генерално се овошје да ги замрзнеме“, објасни Бектеши.

А премиерот Ковачаевски, придружуван од Бектеши и од директорот на Државниот пазарен инспекторат(ДПИ), Горан Трајковски, повторно беа во еден од ланците маркети за да се уверат за цените на јајцата и оризот но и да ги проверат цените на другите производи кои веќе се замрзанти. Повторно пазаруваше сдамо премиерот Ковачевски.

Повозрасните граѓаните кои беа во истиот маркет се пожалија дека имаат ниски пензии и едвај го минуваат месецот и дека со намалувањето на цените од по неколкку денари немало значајна промена во квалитетот на животот.

„Цениве се до плафон. Стварно некако многу тежок дојде животот нити лекарства може да купиме“, рече пензионерката

Одлуките за замрзнување на цените, трговците речиси во целот ги испочитувале а во околу 500 контроли на испекторите на ДПИ регистрирани се само 6 прекршоци.

„Имаме прекрошоци каде не се почтиува Одлуката за змарзнување на цената на белиот и полубелиот леб, грамажата не се совпаѓаше со цената но и цената не беше овозможена на рафтовите бидејќи трговците беа задолжени со одреден количина за испорака и пласирање на рафотвите “, изјави Горан Трајковски, директор на ДПИ

Минатата недела падна одлука да се зарзне цената на домашните јајца и оризот. Претходно тоа се направи со тестенините, дел од млекото и млечните производи, а цената на белиот и полубелиот леб се замрзна на 33 денари.

ССМ и дел од експертската јавноста сеуште се на ставот дека Владата доцни со замрзнувањето на цените и дека тоа требало да се стори минатат година кога цените почнаа да се зголемуваат.

XS
SM
MD
LG