Германскиот јавен сервис „Дојче веле“ ќе ја затвори својата канцеларија во Турција утре, откако Анкара одби да ја продолжи лиценцата за работа, потег што го осудија групите за права на медиумите.
Случајот го покажува притисокот што Анкара го врши врз странските медиуми за да им ја отежне работата во земјата, велат некои аналитичари.
Властите веќе го блокираа пристапот до веб-страниците на турски јазик на „Дојче веле“ и Гласот на Америка минатата година, кога радиодифузерите одбија да се усогласат со барањата за лиценца за кои рекоа дека се цензура.
Дојче веле вели дека Министерството за индустрија и технологија го информирало на 7 март дека нема да ја продолжи лиценцата за работа на на турски јазик, бидејќи не го „избрала правилно полето на активност“. Немаше никакво објаснување што значи ова, рече радиодифузерот.
„Дојче веле“ соопшти дека размислува за правни чекори во врска со одлуката, што ќе влијае на тоа како радиодифузерот може да вработува персонал, при што на вработените ќе им биде оневозможено пензионирање и други бенефиции.
Локалните извештаи велат дека повеќе од 10 новинари сега ќе работат на хонорарна основа за да може „Дојче веле“ на турски да продолжи да известува за настани во земјата.
Набљудувачите на медиумите забележаа дека времето на одлуката доаѓа само неколку недели пред претседателските и парламентарните избори.
Дел од информациите се преземени од Ројтерс