Линкови за пристапност

Стотици останаа бездомници по торнадото во Мисисипи


Најмалку 26 луѓе загинаа откако силно торнадо опустоши еден од најсиромашните региони во земјата доцна во петокот
Најмалку 26 луѓе загинаа откако силно торнадо опустоши еден од најсиромашните региони во земјата доцна во петокот

Спасувачки екипи и волонтерите отидоа во јужната американска сојузна држава Мисисипи за да помогнат во масовното расчистување, откако силно торнадо опустоши еден од најсиромашните региони во земјата доцна во петокот, при што загинаа најмалку 26 луѓе, вклучително и едно во соседна Алабама.

Торнадото срамни со земја домови и деловни објекти. Стотици луѓе останаа без покрив над главата во Мисисипи поради торнадото. Националната метеоролошка служба предупреди на можноста за ново невреме со силен ветер, голем град и евентуално повеќе торнада во неколку јужни сојузни држави.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера издаде декларација за катастрофа за четири окрузи во Мисисипи, со која се обезбедуваат пари за помош на луѓето во процесот на закрепнување и вклучува и грантови и заеми.

Секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас и администраторката на Федералната агенција за управување со вонредни состојби Дина Крисвел, вчера беа во Мисисипи за да помогнат во проценката на штетата и да ги надгледуваат напорите за помош на федералната влада.

Дел од информациите во текстот се на АП

XS
SM
MD
LG