Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одложи својот план за реформи во судството во земјата поради масовните улични протести и националниот штрајк на работниците кои се противат на тоа.
Нетанјаху рече дека наредил одложување на контроверзниот закон, очигледно до летната сесија на израелскиот парламент, со цел „да се даде вистинска можност за вистински дијалог“.
Планот предвидуваше поголема парламентарна контрола на судството, вклучително и назначување судии и право на поништување одлуки што не му се допаѓаат.
Во меѓувреме, тесното законодавно мнозинство на Нетанјаху продолжи да бараат негово донесување.
Дел од информациите се од АП, Ројтерс и Франс-прес