Линкови за пристапност

Проверка на факти: Лесно е да се сподели информација, но тешко е да се препознае дали е лажна


Дезинформациите ја нагризуваат довербата во институциите и медиумите и им штети на демократијата со тоа што ја попречува способноста на граѓаните да донесуваат правилни одлуки. Работата на проверувачите на факти и истражувачите значително придонесува во спречувањето на ширењето на онлајн дезинформации. Државите од Западен Балкан продолжуваат да се борат со политичката нестабилност, корупцијата, демократската трансформација и европската интеграција. Ова во комбинација со сериозен недостиг на напор од владите во регионот да ја зголемат отпорноста меѓу медиумските потрошувачи, граѓанското општество и независните медиуми што ги прави општествата од Западен Балкан плодна почва за странско влијание од државните актери, вклучувајќи ги Русија, Кина, Турција и Блискиот Исток.

Гордана Делиќ, регионална директорка за Балканот и заменичка на управниот директор во Трансатлантик Трустс од германскиот маршалов фонд во Вашингтон ја водеше дебатата околу дезинформациите во Западен Балкан. Што се случи по руската агресија во Украина и како регионот гледа на оваа тема е нешто што треба да остане во фокусот на вниманието, рече таа.

Според Милица Ковачевиќ од Центар за демократска транзиција во Црна Гора, како што вели таа, во овој регион има многу добро воспоставена инфраструктура за ширење на овие информации генерирана од Кремљ, кои вклучуваат медиуми и локални таблоиди, главно во Србија.

„Србија е именувана како регионален центар за мешање на странските медиуми. Црна Гора која е толку мала, таа е само една мала ниша од поголемите пазари. Сфаќаме дека ни треба уште посилна соработка и комуникација во наоѓањето на овие информативни наративи во кампањите за Украина која беше голем дел од дезинформации во нашиот регион. Сега работиме и на поврзување со слични влијанија и слични културни контексти како и политички, но исто така бараме да бидеме интегрирани во големите напори што сега се прават на ниво на Европската унија, а не само во регионот“, вели Ковачевиќ.

Според Дарко Бркан од здружението на граѓани „Зошто да не“ од Босна и Херцеговина вели дека по пандемијата и руската агресија во Украина се отворија повеќе видици околу дезинформациите и лажните вести.

„Украина е првиот геополитички регион овде во наша близина за кои беа прикажани дезинформации, всушност ја видовме за првпат шемата на дезинформации за време на пандемијата, и мислам дека барем за нас, пандемијата ја промени играта во однос на тоа како се произведуваа дезинформациите, како брзо се раширија и колку опасно и ефективно стана за многу краток временски период“, вели Бркан.

Хрватска која е членка на ЕУ, работи на откривањето на дезинформации не само на ниво на ЕУ туку помага и во регионот. Според Ана Бракус, фактографка од Хрватска вели дека луѓето профитираат од создавањето или ширењето на овие информации и дезинформации.

„Навистина тие не се грижат за никој, освен за начинот на кој тие можат да ги користат или да профитираат во политичка или економска смисла. Јас сега зборувам за создавање на европска мрежа за стандарди за проверка на факти, што се случи во последните неколку месеци. Логиката позади тоа беше многу слична на оние што веќе ги објаснивме за регион, но како што реков, во поголем обем. Така, идејата зад основањето на мрежата на европски центри за проверка на факти беше дека треба да разбереме дека дезинформциите се проширија многу, многу брзо насекаде. Станува многу полесно од кога и да е, да се сподели информација и да се прошири, но во исто време, одеднаш стана многу потешко од кога било досега, да се забележи разликата помеѓу точната информација и дезинформацијата или лажната вест. Дури и за луѓе кои се експерти во својата област. Сега треба да користиме различни техники и различни алатки за да дознааме што точно се случува“, вели Бракус.

Работата на истражувачите од Југоисточна Европа како регионална мрежа и нејзините членови се насочени кон одржување на работата за разоткривање со цел да се покрие најголемиот дел од значајните дезинформации и постојано да се следат медиумите; да се развие одржлива соработка за разоткривање на регионалните дезинформативни наративи; да се развие капацитет за разоткривање и истражување на конкретни теми, како што се: дезинформации и медиумски говор на омраза насочени кон ранливите групи како што се мигрантите, ЛГБТК популацијата, етничките малцинства, жените и слично; странско малигно влијание врз медиумскиот пазар; врските на медиумите и политиката; и радикализација на јавноста преку дезинформациски наративи.

XS
SM
MD
LG