ВАШИНГТОН (АП) - Банката на федерални резерви (ФЕД) се бори со не толку јасната економска слика, заматена од превирањата во банкарската индустрија и сѐ уште високата инфлација, пред да одлучи дали да продолжи да ги зголемува каматните стапки или да направи пауза.
Повеќето набљудувачи на ФЕД очекуваат централната банка денеска попладне да објави релативно скромно зголемување на референтната стапка, нејзино деветто зголемување од март минатата година. Сепак, за прв пат, останува одредена неизвесност за тоа што ќе објави ФЕД денес во 14 часот.
Централната банка не само што ќе треба да одлучи дали да ја продолжи својата едногодишна низа на зголемувања на каматните стапки и покрај нервозата што ја разбранува финансиската индустрија. Креаторите на политиката на ФЕД, исто така, ќе се обидат да го анализираат потенцијалниот раст, вработеност, инфлација и сопствените каматни стапки во иднина.
Тие прогнози ќе бидат особено тешки овој пат. Во нивните најнови прогнози во декември, претставниците на ФЕД предвидоа дека ќе ја подигнат својата краткорочна стапка на околу 5,1 отсто до крајот на оваа година, приближно половина поен над сегашното ниво. Некои набљудувачи на ФЕД очекуваат креаторите на политиката да ја зголемат таа прогноза на 5,3 отсто.
Извор: Асошиетед Прес