Линкови за пристапност

САД поднесоа обвиненија за лица кои се товарат за помагање на иранската програма за оружје


Американскиот федерален суд поднесе обвиненија со кои се товарат ирански и турски обвинети за заговор за набавка и извоз на американска технологија за поддршка на иранските програми за оружје.

Одделот за правда на САД соопшти дека помеѓу 2012-2013 година Аманала Пајдар од Иран и Мурат Буки од Турција испратиле уред кој се користи за тестирање на горивни ќелии од Соединетите држави преку Турција и се обиделе да добијат систем за био-детекција што може да се се користи во истражувањето и употребата на оружје за масовно уништување.

Буки беше осуден во понеделникот на 28 месеци затвор откако беше екстрадиран од Шпанија во Соединетите држави во јули 2022 година и се изјасни за виновен за обвиненијата за заговор во декември. Пајдар се уште е на слобода, соопшти Одделот за правда.

Одделот за финансии на САД во вторникот соопшти дека ги додало и Буки и Пајдар на списокот со санкции.

„Г. Буки дејствуваше во име на поголема мрежа која се обидуваше да испорача чувствителна американска технологија во рацете на непријателска нација“, рече во изјавата задолжениот специјален агент за истраги за домашна безбедност Дерек В. Гордон. „Ако дозволиме таквите мрежи да имаат успех, тие потенцијално би можеле да ја загрозат безбедноста на секој Американец“.

Во друго обвинение, Одделот за правда рече дека Иранците Агшар Махмуди и Бахрам Махмуди Махмуд Алилу и Шахин Голшани од Обединетите Арапски Емирати ги користеле своите компании за да добијат „камера со голема брзина и апликации за тестирање нуклеарни и балистички ракети , склоп на опрема за слетување на носот за борбен авион Ф-5 и систем за метеоролошки сензори“.

Сите тројца од тие обвинети се уште се во бегство, соопшти Одделот за правда.

XS
SM
MD
LG