Линкови за пристапност

Маркос: Четири нови бази ќе го прошират американското воено присуство на Филипините


Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор вели дека наскоро ќе бидат откриени локациите на четирите нови воени бази во кои ќе биде сместен ротирачки екипаж од Американци.

Маркос им рече на новинарите во Манила дека некои од новите локации ќе бидат во северните и јужните делови на Филипини како и во западната провинција Палаван. Претседателот, исто така, рече дека локациите ќе ја зајакнат способноста на земјата да го брани нејзиниот источен брег, вклучително и крајбрежјето на најголемиот остров Лузон, кој е најблискиот филипински остров до Тајван, самоуправниот остров за кој Пекинг тврди дека е дел од Кина.

Проширувањето е дел од Договорот за засилена одбранбена соработка од 2014 година, кој вклучува пет постоечки локации.

Проширувањето на договорот доаѓа откако двата долгогодишни сојузници се обидуваат да се спротивстават на зголемената самоувереност на Кина во Јужното Кинеско Море.

Пекинг го обвини Вашингтон дека го загрозува „регионалниот мир и стабилност“ со неговото зголемено воено присуство на Филипините.

На новите бази се спротивставуваат и некои локални филипински функционери, кои стравуваат дека новите локации ќе ги стават во центарот на потенцијалниот вооружен конфликт меѓу Соединетите Држави и Кина околу Тајван.

Маркос вели дека разговарал со локалните власти за важноста на новите бази и „зошто тоа всушност ќе биде добро за нивните провинции“.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG