Линкови за пристапност

Јапонскиот премиер го посети Киев во знак на поддршка на украинскиот народ


Посетата се случи додека рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на кинескиот лидер Шји Џјинпинг
Посетата се случи додека рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на кинескиот лидер Шји Џјинпинг

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денес отпатува за Киев за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак на поддршка додека рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на кинескиот лидер Шји Џјинпинг.

Јапонското министерство за надворешни работи соопшти дека за време на неговата посета, Кишида „ќе покаже почит кон храброста и трпението на украинскиот народ кој стои да ја брани својата татковина под водство на претседателот Зеленски и ќе покаже солидарност и непоколеблива поддршка за Украина“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера објави дека САД обезбедуваат опрема и муниција во вредност од 350 милиони долари во последниот пакет помош за Украина, додека министрите за надворешни работи и одбрана на Европската унија го финализираа планот за снабдување на Украина со муниција додека ги надополнуваат сопствените резерви на муниција.

Тројца воени претставници изјавија за Гласот на Америка дека пакетот вклучува повеќе ракети и повеќе муниција од 155 милиметри за хаубици и дополнителни куршуми од 25 милиметри.

Блинкен рече дека пакетот вклучува и повеќе муниција за борбените возила, противтенковски оружја и речните чамци.

„Русија сама би можела да ја заврши својата војна денес. Додека Русија не го стори тоа, ние ќе останеме обединети со Украина онолку долго колку што е потребно“, рече Блинкен.

Воен претставник изјави за Гласот на Америка дека американскиот пакет муниција е направен во тандем со напорите што ги прават партнерите од ЕУ за да се одговори на потребата на Украина за повеќе муниција на бојното поле додека се бори против целосната руска инвазија која започна пред повеќе од една година.

Дел од информациите се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG