Линкови за пристапност

По синоќешниот митинг, јазот меѓу партиското раководство и фракционерите во ДУИ, се зголеми


За опозицијата „почеток на крајот на владеењето“, за „огнената“ фракција“ – тоа се коментарите за синоќешниот голем собир на ДУИ во скопски Чаир. Настанот замислен како демонстрација на партиската моќ на интегративците во една од, за нив најважните општини, предизвика силни реакции кај дел од албанскиот политички структури.

„...ДУИ е фокусирана исклучиво на задушување на внатрепартискиот револт. Да ја парафразираме онаа народната: Село гори Артан игра фудбал и кошарка во државни кабинети и собира партиски активисти во спортски сали. Очигледно нечиј страв се прикрива со бесцелни собири на збунети партиски активисти. И за таа цел не се штедат ресурси. Се злоупотребува секој атом од извршната власт...“, пишува во соопштението на опозициската Алтернатива која доскоро, заедно со ДУИ, беше дел од владата.

Jазот меѓу партиското раководство и фракционерите во ДУИ, се зголеми
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Партијата на Ахмети реши да покаже обединетост токму во Чаир, зашто меѓу другото, таму е делот на влијателното јадро на фракцијата која бара промени и заминување на некои од владините функционери од редовите на ДУИ, пред се на вицепремиерот Артан Груби. Одговорот до „Огнените“ стигна од прозваниот.

„На видеото видовме тунел со светлина на крајот, обично светлината симболизира надеж, но јас би рекол: На возот не може да му се застане на пат“, рече вицепремиерот Артан Груби.

Во еуфорична атмосфера, и лидерот Ахмети им прати порака на некогаш неговите најблиски соработници.

„Ви кажав да ги оставите на страна гневот и незадоволството, но да се обединиме и да ја направиме оваа земја Европа, бидејќи членството на нашата земја во ЕУ е најголемата услуга што можеме да им ја направиме на албанските семејства со запирање на емиграцијата. Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда, затоа Артан, ние не сме воз туку незапирлив ураган, не дозволувајте ураганот да ве прегази“, рече Али Ахмети.

Острината на изјавата на Ахмети го изненади дури и водачот на фракцијата во ДУИ – Изет Меџити.

„Каде одите со овој ураган? На сопствените синови? На оние кои ви служеа 20 години... Груби заборава дека јас бев ДУИ кога тој не беше ДУИ, кога беше против ДУИ и кога беше во невладина организација“, порача Меџити.

Впечатокот е дека по синоќешниот митинг, јазот меѓу партиското раководство и фракционерите во ДУИ, меѓу кои се и неколку пратеници во собранието, се зголеми. Помирување, во ваква ситуација, е речиси невозможно - старите кадри бараат одговорност од младите, но зад „новата постава“ застана самиот Ахмети, кој и покрај силните поделби, останува неприкосновениот авторитет во партијата. Прашање е што во наредниот период ќе преземат „Огнените“, имајќи предвид дека 2024 година е термин за одржување на парламентарни избори кои две албански партии – ДУИ и Алијанса за Албанците ќе ги дочекаат од позиција на власт.

XS
SM
MD
LG