Линкови за пристапност

Бајден потпиша закон да се декласифицираат тајни информации за потеклото на ковид-19


Претседателот на САД Џо Бајден потпиша двопартиски закон со кој се насочува федералната влада да декласифицира што е можно повеќе разузнавачки информации за потеклото на ковид-19 повеќе од три години по почетокот на пандемијата.

Законодавството потпишано денес ги помина и Претставничкиот дом и Сенатот без несогласување.

Со него се насочува Канцеларијата на директорот на националното разузнавање да ги декласифицира разузнавачките податоци поврзани со кинескиот институт за вирологија во Вухан.

Законот наведува „потенцијални врски“ помеѓу истражувањето што беше направено таму и појавата на ковид-19, што Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи за пандемија на 11 март 2020 година.

Законот дозволува измени за заштита на чувствителните извори и методи.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG