Линкови за пристапност

Амазон ќе отпушти дополнителни 9.000 вработени, иако 18.000 веќе испушти во јануари


AMAZON ONE MEDICAL
AMAZON ONE MEDICAL

ЊУЈОРК (АП) - Амазон планира да отпушти уште 9.000 работници во следните неколку недели, изјави извршниот директор Енди Џеси.

Укинувањето на работните места ќе го одбележи вториот најголем круг отпуштања во историјата на компанијата, откако претходно 18.000 вработени беа отпуштени во јануари.

Џеси рече дека втората фаза од процесот на годишно планирање на компанијата заврши овој месец и доведе до дополнителни кратења на работни места. Тој рече дека Амазон сепак ќе вработува во некои стратешки области.

„Некои може да прашаат зошто не ги објавивме овие намалувања на работните места со оние што ги објавивме пред неколку месеци. Краткиот одговор е дека не сите тимови ги завршија своите анализи и наместо да брзаме со овие проценки без соодветно внимание, избравме да ги споделиме овие одлуки како што ги донесовме за луѓето да ги добијат информациите што е можно поскоро“, рече Џеси.

Извор: Асошиетед Прес

XS
SM
MD
LG