Линкови за пристапност

Бајден ќе го прослави Свети Патрик со ирскиот премиер


Годишната парада во Њујорк, која се смета за најголема и најстара во светот, се очекува да привлече толпи на Петтата авенија за да слушаат гајди и бендови и ќе го слават Денот на Свети Патрик - заштитник на Ирска.

Во Савана, Џорџија, љубителите на парада седат на тревници за да гледаат танчари и бендови што маршираат. Годишната парада во градот е една од најголемите и привлекува посетители од блиску и од далеку.

Некои градови, вклучително и Чикаго, кој ја бојадиса својата река во зелена боја за да го одбележи денот, веќе ги одржаа своите паради минатиот викенд. Други градови, вклучувајќи го и Бостон, ќе одржат паради и други свечености овој викенд.

Исто така, зелена ќе биде и фонтаната на јужниот тревник на Белата куќа додека претседателот Џо Бајден, кој често зборува за своето ирско наследство, го пречекува ирскиот премиер Лео Варадкар, на средба која беше одложувана две години поради пандемијата на ковид-19.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG