Линкови за пристапност

Намалени цените на тестенините и млечните производи, премиерот Ковачевски во увид низ маркетите


Поевтини тестенини, млеко, јогурт, сирење, урда и кашкавал од денеска на рафтовите во продавниците и маркетите. Производителите ја почитуваат одлуката на Владата и ги намалија цените за 10, односно 15 отсто и овие цени ќе се замрзнат и ќе бидат на сила до 31 мај.



СКОПЈЕ – Од она што може да се види во продавниците млекото и јогуртот се намалени за 10 денари, кравјиот кашкавал и до 40 денари, цените на крајвото и мешаното сирење се намалени меѓу 10 и 40 денари, а тестенините се продаваат по цена и од 40 денари.

Граѓаните се задоволни од намалувањето на цените но велат дека стандардот е низок.

„Цените требаше да се замрзнат многу порано, но и сега е добро. Со мојата пензија едвај можам да си дозволам да купам нешто повеќе од она неопходното. Овие цени но повисоки пензии, тое е потребно“, вели пензионерка од скопската населба Карпош 4.

Некои пак сметаат дека замрзнување на цените мора да продолжи и за други прехранбени продукти.

„Во вакви тешки времиња и услови недозволиво е цените на овошјето и зеленчукот да се толку високи. Не јадеме само леб и млеко. Истото е и со месото. Производителите мора д аимаат разборање за нас потрошувачите“, рече Игор Миновски.

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски, беа во еден од големите ланци маркет за лично да се уверат дали цените се намалени. Премиерот ја можноста да купи макарони, урда и сирење за кои плати 328 денари.

„Како продолжение на нашата одлука за замрзнување на цената на лебот, а по направените анализи, донесовме одлука за замрзнување, односно намалување за 15% и на цената на дел од тестенините. На дел од млечните производи, меѓу кои кравјото млеко, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот, цената предвидовме да се намали за 10 отсто, споредено со цената од 1 март оваа година. Денес можевме сите да се увериме дека ова намалување на цените се почитува од страна на производителите и од страна на трговците и истото се однесува како на намалувањето на цената на лебот, така и на замрзувањето на цените на тестенините, односно намалување и на цените на млечните производи кои ги набројав“, изјави премиерот Ковачевски.

Истовремено сите 160 инспектори на ДПИ се на терен во провадниците и маректите за да утврдат дали се спроведува одлуката на Владата и дали цените се намалени согласно насоките а доколку утврдат прекршоци казните се движат од 800 до 10. Илјади евра во зависност од големината на компанијата.

„Инспекторите се на терен, извештајот ќе биде готов вечерва и со информација ќе излеземе утре“, соопшти Трајковски.

Во министерството за економија привиршуваат анализите неопходни за изготвување на информацијата која ќе биде доставена до Влада а ќе биде клучна дали ќе се замрзнат цените на домашните јајца, шеќерот и домашниот ориз.

„Внимателно ги следиме сите случувања со движењето на цените на сите основни прехранбени производи. Ги повикувам коморите и компаниите да покажат општествена одговорност и самите да ги намалат цените на производите, со оглед на намалување на цените на суровините на светските берзи. Ако тие покажат дека се совесни и ги намалат сами цените, ние ќе излеземе со нови мерки за поддршка. До утре ќе ги имам анализите за цените на шеќерот, јајцата и оризот, и до крај на денот ќе го информирам премиерот, дали има можности како кај другите производи да се реагира“, рече Бектеши.

Конечната одлука дали ќе се интеревенира и кај овие продукти ќе биде донесена идната недела.

Претходно Владата донесе одлука со која цената на белиот и полубелиот леб се замрзнува на 33 денари, а одлуката ја образложи со фактот дека голем дел од компаниите од прехранбената индустрија не го испочитуваа договорот и покрај тоа што користеа субвенионирана струја не ги намалија цените

XS
SM
MD
LG