Русија денес соопшти дека започнала поморски вежби со Кина и Иран во Арабиско Море во обид ги зајакне врските со Пекинг и Техеран.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека трилатералните вежби, наречени „Морски безбедносен појас 2023“, започнале во близина на иранското пристаниште Чабахар. Поморскиот дел од вежбите ќе се одржи в четврток и петок.
За време на поморските вежби, бродовите ќе вршат „заеднички маневри и ќе вршат артилериско гаѓање дење и ноќе“, се вели во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ги зајакне политичките, економските и воените врски со Кина и Иран, откако пред една година испрати војници во Украина, предизвикувајќи серија невидени санкции од Западот.