Линкови за пристапност

Блинкен во посета на Етиопија и Нигер


Стејт департментот рече дека Блинкен ќе се фокусира на „спроведувањето на договорот за прекин на непријателствата за унапредување на мирот и промовирање на транзициската правда во северна Етиопија“
Стејт департментот рече дека Блинкен ќе се фокусира на „спроведувањето на договорот за прекин на непријателствата за унапредување на мирот и промовирање на транзициската правда во северна Етиопија“

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен е во посета на Етиопија и Нигер оваа недела, бидејќи администрацијата на Бајден ги забрзува напорите за соработка со Африка за да се спротивстави на растечкото влијание на Кина на континентот, соопшти Стејт департментот.

Блинкен е во посета на Адис Абеба и ќе отпатува за Ниамеј на крајот на неделата за да разговара за мировниот договор со кој завршија непријателствата во северниот регион Тиграј во Етиопија, како и напорите за борба против тероризмот насочени кон исламските екстремисти во Нигер и Сахел.

Неговото патување ќе биде четврта посета од висок профил на Африка оваа година од страна на највисоките членови на администрацијата на Бајден. Таму веќе беа секретарката за финансии Џенет Јелен, амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд и првата дама Џил Бајден.

Блинкен ќе биде првиот државен секретар што некогаш посетил Нигер, кој беше домаќин на американските воени операции насочени кон Исламската држава во областа.

Стејт департментот рече дека Блинкен ќе се фокусира на „спроведувањето на договорот за прекин на непријателствата за унапредување на мирот и промовирање на транзициската правда во северна Етиопија“.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG