САН ДИЕГО (АП) - Претседателот Џо Бајден денеска се очекува да потпише извршна наредба со цел да се зголеми бројот на проверки за купување оружје, да се промовира подобро и побезбедно складирање огнено оружје и да се осигура дека американските агенции за спроведување на законот ќе го извлечат максимумот од двопартиски закон за контрола на оружјето донесен минатото лето.
Бајден планира да ги открие своите најнови напори за спречување на оруженото насилство во говор од Монтереј Парк, Калифорнија, изјави висок функционер на Белата куќа, кој разговараше за наредбата пред неговото потпишување под услов да остане анонимен. Во јануари, вооружен маж упадна во сала за танцување во Лос Анџелес и рани 20 луѓе, притоа убивајќи 11 лица.
Бајден ќе наложи исто така, неговиот кабинет да работи на план за подобро структурирање на владата за поддршка на заедниците кои страдаат од оружено насилство, рече високиот функционер во Белата куќа. Планот ќе го повика државниот обвинител Мерик Гарланд да ги зајакне правилата за федерално лиценцираните дилери на оружје за да знаат дека се обврзани да вршат проверки на позадината како дел од лиценцата.
Предлог-законот усвоен минатата година, познат како Закон за побезбедни заедници, застапниците за контрола на оружјето го сметаат за добар почеток, но недоволен. По потпишувањето на законот, имаше уште 11 оружени инциденти.
Извор: Асошиетед Прес