Линкови за пристапност

Бајден одобри дупчење нафта во Алјаска


Екологистите кои долго време се бореа против проектот ја осудија одлуката на Бајден и се обидуваат да ја блокираат со правна постапка
Екологистите кои долго време се бореа против проектот ја осудија одлуката на Бајден и се обидуваат да ја блокираат со правна постапка

Американскиот претседател Џо Бајден денес го одобри огромниот проект за дупчење нафта „Вилоу“ во Алјаска, одлука што наиде на брза осуда од еколозите кои велат дека тоа го поткопува неговото ветување да ја придвижи земјата кон производство на обновлива енергија.

Одлуката дојде еден ден откако администрацијата на Бајден се заложи за зачувување на заштитеното подрачје во регионот, забранувајќи или ограничувајќи го дупчењето во други области на сојузната држава и Арктичкиот Океан.

Двајцата републикански сенатори од Алјаска Лиза Мурковски и Ден Саливан го пофалија одобрувањето на проектот.

Операцијата би можела да произведе до 180.000 барели нафта дневно, а истовремено да создаде 2.500 работни места за време на изградбата и 300 долгорочни работни места.

Екологистите кои долго време се бореа против проектот ја осудија одлуката на Бајден и се обидуваат да ја блокираат со правна постапка.

„Ние сме премногу доцни во климатската криза за да одобриме огромни проекти за нафта и гас кои директно ја поткопуваат новата чиста економија на која администрацијата на Бајден се обврза да ја унапреди“, рече претседателката на Earthjustice Абигејл Дилен.

„Знаеме дека претседателот Бајден ја разбира егзистенцијалната закана од климата, но тој одобрува проект што ги попречува неговите сопствени климатски цели“, рече Дилен.

XS
SM
MD
LG