Линкови за пристапност

Извештај на ФБИ: Злосторствата од омраза во САД достигнаа највисоко ниво


Бројот на злосторства од омраза во Соединетите Држави е во пораст, соопшти ФБИ во извештај објавен во понеделникот.

ФБИ првично го издаде својот годишен извештај за злосторства од омраза во декември, покажувајќи 7.262 инциденти за 2021 година.

Но, извештајот ги исклучи податоците од околу 4.000 агенции за спроведување на законот, вклучително и големите полициски оддели во Њујорк, Чикаго и Калифорнија.

ФБИ соопшти дека оттогаш добил доволно дополнителни податоци од полициските оддели ширум земјата за да обезбеди поцелосна слика за злосторствата од омраза во Соединетите држави.

Во соопштението, ФБИ вели дека во дополнителниот извештај покажува дека злосторствата од омраза скокнале за 11,6 отсто минатата година, од 8.120 на 9.065.

Бројката од 9.065 би претставувала 20-годишен максимум и второ највисоко ниво откако ФБИ почна да објавува податоци за криминал од омраза во 1990 година, според Брајан Левин, директор на Центарот за проучување на омраза и екстремизам на Калифорнискиот државен универзитет Сан Бернардино.

XS
SM
MD
LG