Линкови за пристапност

Битката за Бахмут добива на интезитет меѓу украинските сили и Вагнер


Битката за Бахмут во источна Украина продолжува со жестоки борби, додека украинската војска соопшти дека користи артилерија, тенкови и друго оружје за да ги одбие руските обиди да го заземат градот.

Британското Министерство за одбрана во последните денови оцени дека руската паравоена група Вагнер го контролира поголемиот дел од источниот дел на Бахмут, а украинските сили го држат западниот дел.

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, ја опиша ситуацијата во неделата како „многу тешка“ со тоа што борбите стануваат се потешки колку што неговите сили се приближуваат до центарот на градот.

Русија го посочи Бахмут како клучен дел од нејзината поширока цел да го заземе регионот на Донбас.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе го брани Бахмут, додека некои сојузници, вклучително и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупредија дека украинскиот пораз нема да биде пресвртница во конфликтот.

Некои информации за оваа приказна се од агенцијата Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG