Линкови за пристапност

Напаѓач уби најмалку шест лица во Хамбург


Во напад со огнено оружје во зграда што ја користат Јеховините сведоци во Хамбург, Германија, има неколку мртви и ранети, соопштија властите.

Германските медиуми објавија дека загинале шест или седум лица, но портпаролот на полицијата не ги потврди информациите.

Портпаролот рече и дека нема информации за повредите на хоспитализираните

Полицијата во петокот наутро на Твитер објави дека верува дека имало само еден напаѓач. Портпаролот рече дека откако полицајците пристигнале во зградата, на приземјето затекнале лица со прострелни рани. На горниот кат пронашле потешко рането лице откако слушнале истрел од пиштол.

Инцидентот се случил во областа Грос Борстел, во вториот по големина град во Германија.

XS
SM
MD
LG