Линкови за пристапност

Бајден денес ќе додели Медал на честа на ветеран од Виетнам


На церемонија во Белата куќа денеска, американскиот претседател Џо Бајден ќе му го додели Медалот на честа - највисокото воено одликување на САД - на пензионираниот армиски полковник Парис Дејвис за неговата храброст за време на Виетнамската војна.

Во соопштението, Белата куќа рече дека Дејвис, тогаш армиски капетан и командант на воздушно-десантната група специјални сили, предводел неискусни јужно виетнамски регионални напаѓачки сили во битката кај Бонг Сон во јули 1965 година.

Ранет најмалку двапати во акцијата, Дејвис помогнал да ги прегрупира своите луѓе, повикал артилерија и воздушна поддршка и спасил двајца американски војници неспособни и заробени од непријателскиот оган. Тој помогнал да се евакуираат ранетите и одбил медицинска помош за себе додека не биле извлечени сите членови на неговата единица.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес.

XS
SM
MD
LG