Линкови за пристапност

Еден загинат, пет повредени во експлозија на бомба во главниот град на Црна Гора


ПОДГОРИЦА, Црна Гора (АП) - Едно лице загина, а најмалку пет други се повредени денеска кога рачна граната експлодирала на влезот од судот во главниот град на Црна Гора, соопшти полицијата.

Портпаролката на полицијата Карна Растодер изјави дека човекот кој ја активирал гранатата е убиен.

„Засега имаме информации дека пет лица се повредени“, рече Растодер без да даде дополнителни детали.

Полицијата подоцна соопшти дека повредените лица се хоспитализирани и дека нивните повреди не се сериозни.

На петочната експлозија и претходеа голем број лажни предупредувања за бомби против владини и судски згради во главниот град, што доведе до неколку евакуации во последните недели.

Извор: Асошиетед Прес

XS
SM
MD
LG