Линкови за пристапност

Владата со одлука, пекарите со тужба – од утре повторно евтин леб на рафтови


Владата најде механизам за да им наложи на пекарите да прозиведуваат леб кој ќе се продава по цена од 33 денари, тие пак најдоа правни пропусти и најавија дека ќе ја тужат државата со барање за оштета од 4,5 милиони евра. Доколку компаниите не се придржуваат до последната одлука на Владата со која се задолжени да произведуваат бел и полубел леб и да испорачуваат до 80 отсто од количината која ја испорачувале во декември ќе има казни. Премиерот најави дека се разгледува можно да се замрзнат цените и на други основни прехранбени производи.

СКОПЈЕ - Владата успеа да ја премости блокадата на пекарите и да ги принуди пекарите да ги произведуваат двата типа на леб кои се со замрзната цена од 33 денари со Одлука донесена на вчерашната седница со која се наложува тие дневно да произведуваат и испорачуваат до 80 отсто од количината на овие два типа на леб кои ги произведувале во декември минатата година. Пекарите пак, како одговор на одлуката и по консулатции со правни експерти, најавуваат тужба против државата во која ќе бараат оштета од 4,5 милиони евра.

Со одлуката на Владата, донесена вчера попладне и трговците на мало кои продаваат леб да имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.

Прехранбената индустрија е жртва на безумие, противуставан одлука која ќе направи многу голема штета и ќе се прелее во другите прехранбени сектори, се само дел од реакциите на претставниците на пекарско мелничката индустрија. Компаниите, по последната одлука, ќе бидат принудени да се прилагодат и да кратат трошоци а тоа значи намалат произведоство на одредени видови на леб но и на бројката на вработени за да опстанат,е ставот по денешниот состанок на претставниците од овој сектор.

„Пекарската индустрија е жртва на безумието. Одлуките кои се носат се на штета на пекарската индустрија и прават огромни загуби на индустријата. Во интензивни консултации со домашни и странски правни експерти е утврдено дека владините одлуки се неуставни и незаконски или пак се донесени без утврдено прекршување на пазарот по Законот за трговија. По овој основ пекарската индустрија ќе започне правна постапка со цел наплата на штетата односно загубата која Владата и ја нанесе на индустријата со овие одлуки а штетата е проценета на 4,5 милиони евра“, изјави Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко пекарска индустрија

Премиерот Ковачевски вели дека е разочаран од однесувањето на пекарските компании.

„Владата веќе донесе дополнителна одлука со која ги обврзува компаниите да мора да произведуваат 80 отсто од количинте кои ги произведувале во декември ид а ги доставуваат до трговците. Компаниите кои што во моментов не сакаат да произведуваат ваков тип на леб се компаниите кои ги добија најголемиот дел од субвенциите за евтоина струја по цена од 80 евра за мегават час. Со тоа сметам дека тие треба да покажат одговорност и да го испорачаат она за што исто така со оваа цена имаат маржа. Сите законски одредби ќе бидат искористени“ изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Утрово рафтовите во скопските маректи на кои што требаше да стои лебот од 33 денари останаа празни но тоа нема да биде сликата и утре бидејќи пекарите ќе почнат со производство за да избегнат казни. А казните за пекарите и трговците доколку ја игнорираат владината одлука и продолжат да не ги произведуваат двата типа на леб со замрзнати цени се движат од 800 до 10 илјади евра во зависност од големината на фирмата и од 50 до 500 евра за одговорното лице во фирмата.

Премиерот Ковачевски соопшти дека не се исклучува можноста Владата да донесе одлука за замрзнување на цените на други основни прехранбени производи.

XS
SM
MD
LG