Линкови за пристапност

Екипажот на НАСА безбедно пристигна на Меѓународната вселенска станица


Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека двајцата американски астронаути, еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како и еден руски астронаут безбедно пристигнале на Меѓународната вселенска станица (ИСС) со нивната капсула на Спејс Икс наречена Драгон.

Видеото од НАСА ги покажа американските астронаути Стивен Бовен и Вуди Хобург, астронаутот од ОАЕ, Султан Алнејади и космонаутот Андреј Федјаев, како срдечно се дочекани од членовите на екипажот на ИСС додека влегуваат во вселенската станица околу два часа по приклучувањето.

41-годишниот Алнејади е вториот човек од неговата земја што полета во вселената и првиот што бил лансиран од тлото на САД како дел од долготраен тим на вселенска станица.

Спејс Икс вели дека новите членови на екипажот ќе поминат шест месеци на станицата, каде што ќе спроведат повеќе од 200 научни експерименти и технолошки демонстрации.

Некои информации за овој извештај дадоа Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG